„На средбата, која се одржа во Комората, се разговарше и за измени и дополнувања за работата на Комората (издавање на овластувања, нивна категоризација според спецификите на образованието по Болоња), донесување Правилник за нормативи за урбанистички и градежни активности (порано нарекуван тарифник – ценовник на инженерските услуги) и барање за интензивирање на соработката со Министерството со зголемување на активностите за урбанизам, градежништво и архитектура“, рече претседателот на Комората, Димитровски.
Министерот Шапуриќ дава целосна поддршка за работата на Комората, посебно во однос на воведувањето на континуирана професионална дообука на членството и меѓународната соработка со соседните држави и пошироко, со кое може да се подобри инвестиционата клима за домашните компании.
„Како министер давам целосна поддршка на сите активности во насока на подобрување на законските решенија опфатени со Законот за градење и со Законот за урбанистичко и просторно планирање. Затоа, сите институционално подготвени предлози од Комората ќе ги прегледаме и ќе ги движиме низ процедурите на системот, заедно со надлежното Министерство за траспорт и врски“, рече Шапуриќ.
Според него, инженерите и архитектите се значаен дел од државата и затоа, тој се надева на успешна и плодна соработка со Комората, бидејќи таа треба да се потпира на архитектите и инженерите во својот натамошен развој. Министерот ја поздрави и активноста на одржување на генерално собрание на Советот на инженерски Комори од Европа и други меѓународно собири во Скопје, со надеж дека тоа ќе ја унапреди работата на Комората во европски рамки.
На средбата, освен претседателот на Комората и министерот Шапуриќ, присуствува 30-тина лица - раководители на професионални одделенија, членови на професионалнои оделенија за урбанизам, архитектура, градежништво, машинство, електротехника. Димитровски ја презентираше Комората и нејзината програма за работа во 2017 година.
Фотографии од настанот