Информатор за активности на Комората

×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

Oгласи за долгорочен ангажман на инженери во UNDP

undp logoOгласи за долгорочен ангажман на инженери во UNDP:

In Memoriam

Tale InMemoriamСо длабока тага Ве известуваме за смртта на членот на Собранието на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, поранешен заменик-министер за образование, пратеник и драг пријател Тале Герамитчиоски!

Бевме привилегирани да го познаваме професорот Тале, секогаш ќе го паметиме како ведар човек, посветен колега, одличен професионалец и вистински пријател.

На неговото семејството, пријателите и соработниците им изразуваме искрено сочувство за оваа голема загуба!

Нека почива во мир!

РЕАКЦИЈА НА ОТВОРЕНО ПИСМО

komoraРеакција на Отворено писмо од претседателот на ААМ – Мишко Ралев

Почитуван професор Ралев,

По многу двоумења дали е потребно е да одговорам на отвореното обраќање, поради информирање на јавноста, поради доброто информирање на јавноста бидејќи сме сериозни луѓе и не смееме да кажуваме невистини во јавност, решив да напишам неколку редови со кои сакам да појаснам некои работи што ги неведувате во вашето јавно писмо а според мене  не се многу точни. Според мое мислење не сте многу информирани да не кажам дезинформирани со активностите на одделението за архитектура особено, и повеќе со активностите на Комората воопшто. Затоа, драг професор, дозволете ми да почнам со ред.

Намалување на годишната чланарина во Комората поради Ковид-19

banner odluka1

Насоки за примена на донесената одлука за времено намалување на годишната членарина за 50%:

  • Одлуката не подразбира рефундација на претходни уплати за членарина, туку се однесува само на уплати за членарина од донесувањето на одлуката на 27.2.2021 па до 28.2.2022 година.
  • Одлуката важи за 1 (една) годишна членарина, уплатена во гореспоменатиот период, и важи и за неактивните членови кои би го активирале членството во споменатиот период.

 

Пример 1: Доколку сте ја платиле членарината во Јануари 2021 година, за Вас ќе важи одлуката за намалена членарина во јануари 2022 година.

Пример 2: Доколку сте неактивен член, чија членарина е истечена во Јуни 2020 година (како пример), тогаш уплатата за членарина од Јуни 2020 до јуни 2021 е со стандардна висина од 3.075 денари, а уплатата за јуни 2021-јуни 2022 е со намалена висина од 1.538 денари.