Информатор за активности на Комората

×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

Намалување на годишната чланарина во Комората поради Ковид-19

banner odluka1

Насоки за примена на донесената одлука за времено намалување на годишната членарина за 50%:

  • Одлуката не подразбира рефундација на претходни уплати за членарина, туку се однесува само на уплати за членарина од донесувањето на одлуката на 27.2.2021 па до 28.2.2022 година.
  • Одлуката важи за 1 (една) годишна членарина, уплатена во гореспоменатиот период, и важи и за неактивните членови кои би го активирале членството во споменатиот период.

 

Пример 1: Доколку сте ја платиле членарината во Јануари 2021 година, за Вас ќе важи одлуката за намалена членарина во јануари 2022 година.

Пример 2: Доколку сте неактивен член, чија членарина е истечена во Јуни 2020 година (како пример), тогаш уплатата за членарина од Јуни 2020 до јуни 2021 е со стандардна висина од 3.075 денари, а уплатата за јуни 2021-јуни 2022 е со намалена висина од 1.538 денари.

Оглас за субвенционирање на советодавни услуги за малите и средните претпријатија

memo appВо врска со меморандумот за соработка со АПП, го пренесуваме огласот за субвенционирање на советодавни услуги за малите и средните претпријатија и потенцијалните претприемачи кои имаат намера да користат одредени советодавни услуги од страна овластени советници регистрирани во Каталогот на советници за претприемништво во АППРСМ.

Информација

fasada bitolaНа почетокот од месец јануари 2021 година, во Битола под влијание на силен ветер настанале одредени оштетувања на објекти како последица на нестручна изведба (одлепување на стиропорна фасада, рушење на кровен покривач). Според информациите на нашите колеги од Битола во конкретните случаи не биле ангажирани членови на Комората, и покрај тоа што согласно Законот за градење само носители на овластувања од Комората може да вршат проектирање, ревизија, изградба и надзор на градби.

Усвоен Тарифникот за вредноста на работите од урбанистичко планирање

sl.vesniki tarifnik urbНа предлог на Собранието на Комората ОИА, Тарифникот за вредноста на работите од урбанистичко планирање беше доставен до Министерството за транспорт и врски, како надлежно министерство, кое го одобри и го достави до Владата на РС Македонија.

Владата на својата седницата одржана на 12 јануари 2021 година даде согласност за Тарифникот и Одлука за истиот е објавена во Службен весник бр.8 од 12.01.2021 година.