Насоки за примена на донесената одлука за времено намалување на годишната членарина за 50%:
- Одлуката не подразбира рефундација на претходни уплати за членарина, туку се однесува само на уплати за членарина од донесувањето на одлуката на 27.2.2021 па до 28.2.2022 година.
- Одлуката важи за 1 (една) годишна членарина, уплатена во гореспоменатиот период, и важи и за неактивните членови кои би го активирале членството во споменатиот период.
Пример 1: Доколку сте ја платиле членарината во Јануари 2021 година, за Вас ќе важи одлуката за намалена членарина во јануари 2022 година.
Пример 2: Доколку сте неактивен член, чија членарина е истечена во Јуни 2020 година (како пример), тогаш уплатата за членарина од Јуни 2020 до јуни 2021 е со стандардна висина од 3.075 денари, а уплатата за јуни 2021-јуни 2022 е со намалена висина од 1.538 денари.