Локација: Комора на ОАИ - Сала за конференции
Во четврток 27 април во 13.00 часот, во просторитре на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, ќе се одржи предавање од д-р Хараланпиос Сароуглу од областа на Тунели.
Д-р Хараланпиос Сароуглу е истражувач и предавач на школата за градежништво при Националниот технички универзитет во Атина. Од 2000 година работи во одделот за геотехника во областа на инженерска геологија и механика на карпи. Започнувајќи од 2014 година до денеска тој е гостин предавач на Империал колеџ во Лондон. Добитник е на повеќе професионални награди меѓу кои најзначајна е „The Richard Wolters Prize„ во 2012 година, како признание за значаен допринос на помлад истражувач во областа на геологијата.
Со ова писмо ве покануваме да присуствувате на овој настан кој е во организација на Градежниот факултетот и Друштвото за геотехника на Македонија, со подршка на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија.