Локација: Технички факултет Битола | Град: Bitola, Macedonia (FYROM)
*Заради искажаната потреба од одредена група на инженери, настанот „Проектирање на еко - хотели” се повторува со истите предавачи и содржина во Битола. Сите оние кои претходно присуствуваа во Скопје, нема потреба да се пријавуваат повторно на истиот.
Предавањето на тема „Проектирање на еко - хотели” има за цел да ги запознае сите вклучени во процесот на дизајнирање, проектирање и изведба на туристички капацитети (хотели, кампови, вили за сместување на гости и други капацитети) за навременото вклучување на критериумите во поглед на заштита и унапредување на животната средина со цел капацитетот да добие еколошка ознака како еко - хотел.
ПРОГРАМА |
|
11:00 -11:15 |
Воведно обраќање на претседателот на Одделението за животна средина, |
11:15 -12:15 |
Важноста на навременото вклучување на целите на заштита на животната средина при проектирање на хотели, |
12:15 -13:15 |
Технички критериуми кои треба да бидат исполнети од хотел кој може да добие национална или ЕУ еколошка ознака, м-р Славјанка Пејчиновска Андонова |
13:15 -14:00 |
Дискусија и заклучоци |
14:00 -15:00 |
Коктел |
Информации за настанот:
Дата и час: 22 септември 2017, во 11 часот (предавањето ќе трае до 15 часот)
Место на настанот: Технички факултет Битола, Битола
Број на слободни места: 80
Краен рок за пријавување: 20 септември 2017 год. до 12 часот