Локација: Комора на ОАИ - Сала за конференции
Во период кога во Македонија е интензивирана изградбата, како на инфраструктурни објекти, така и во високоградбата, при проектирање и изведба на објектите градежните инженери се соочени со проблеми директно поврзани со задоволување на основните барања за обезбедување на пожарна безбедност. Согласно Европските прописи за проектирање на конструкции, истите треба да бидат усогласени со основните услови на Регулативата на Советот на Европа CRP 305/2011 за градежни производи (прифатена во Македонија), а тоа се:
- основен услов N°1 - Механичка носивост и стабилност
- основен услов N°2 - Сигурност во случај на пожар
Во август годинава донесен е нов Правилник за мерките за заштита од пожар и експлозии, кој е усогласен со Европските прописи за проектирање на пожарно безбедни објекти. Истиот е објавен во Службен весник на РМ, бр. 99 од 3.8.2017 год., а стапува на сила од 1.10.2017 год.
За запознавање на своите членовите со битните аспекти на новиот правилник, Комората организира еднодневен семинар.
ПРОГРАМА НА СЕМИНАРОТ
Информации за настанот:
Дата и час: 26 септември 2017, во 11 часот (предавањето ќе трае до 14 часот)
Место на настанот: Сала за конференци при КОАИ, Скопје
Број на слободни места: 70
Краен рок за пријавување: 25 септември 2017 год. до 12 часот