×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

Пресинг 10

ПРЕСИНГ БР.10

Pin It

 ПРЕСИНГ БР.10

L L L

Септември. месец на натежнати пазарски тезги, на тегли со свежо подготвена зимница,
пензионерски летувања, семеен буџетски дефицит, волшебен колорит на природата.... месец во кој,
традиционално, некогаш во ритмот на сензибилниот танц на нежните стапала на современите менади,
денес низ монотониот ритам на моќните, но истовремено и фригидни машини,  македонското
сонце се преточува во митолошкиот нектар на вистината.
Септември е месец на крај и на почеток. Крај на летната работна летаргија, на неподносливите
горештини, на поместениот животен ритам.......Но истовремено, септември е и почеток на
реализација на одложените планови, на мобилизација на ресурсите и најмногу од сè, почеток
на нов образовен циклус. Своевидна образовна Нова година. Книги, тетратки, моливи, линеари...
Сесии, услови, уписи, домови, цимери... Конгреси, симпозиуми, семинари, форми за дообразување на
образованите. Форми на сè попопуларниот процес наречен ,,постојано учење“ или на англиски LifeLong
Learning - LLL.    
живееме во време на бурен, ултрабрз технолошки развој. Границите на возможното секојдневно се
поместуваат. денес наученото, веќе утре станува по малку бајато. Потребата од нови знаења -
неминовност. Затоа неопходно е престројување на колосек на кој се „шиба двесте на час“. онаму каде
што се патува со оние што размислуваат. Со оние што инвестираат во учење. На колосек на кој ако
стоиш е исто како да се враќаш назад. 
Постојаното учење, односно постојаната надградба на знаењата треба и мора да биде
и еден од најбитните предуслови за добивање и за продолжување на стручните овластувања
пропишани со законот за градење (сегашните критериуми се опасно ниски). ова треба да е
поткрепено  со соодветни промени во законската регулатива и во подзаконските акти. И што е уште
позначајно, со промена на нашата ментална слика за вистинското значење на стручните собири.
Искуството покажува дека колку и да се овие настани придружени со одредени  хедонистички
ефекти, колку и да е присуството мотивирано од нагонот за кус излет од сивото секојдневние и сл.
(што од своја страна има несомнени позитивни социолошки ефекти), стручната полезност од
учеството на ваквите настани е неспорна. впрочем, познато е дека поголема казна од изолираноста не
постои.    
Покрај самосвест и внатрешен порив (клучни елементи за личен и не само личен развој),
учеството на стручните настани бара и значителни материјални средства (патување, сместување,
котизации, дневници...). За жал ова, во услови на веќе одомаќена криза во градежниот сектор,
најчесто прераснува во непремостлива пречка. Толку голема, што често знае да се (зло)употребува
како ,,несоборливо“ алиби за предвремено откажување од возбудливиот натпревар во
откривањето на нови мисловни светогледи.       
Имајќи го ова предвид, Комората треба да ја одигра можеби својата најзначајна улога. да биде лидер во
процесот на постојаното учење. Со организирање на осмислена стручна едукација, на наједноставен
и што е уште позначајно, на  најрационален начин, би се обезбедиле предуслови за континуиран
приклучок кон современите знаења. Секако, тој процес, целосно сфаќајќи ги неговите придобивки,
треба да биде и активно поддржан од членството. во спротивно LLL може многу лесно да се претвори
во кратенка од LifeLong Laziness односно „постојана мрзоволност“.

ПОСТОЈАН ЈАВЕН ПОВИК

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
3
4
5
6
7
8
9
10
11
13
14
15
16
20
21
22
23
24
25
27
28
29
30

Ценовник за инженерски услуги за високоградба

pdf icon

 Преземи Анекс кон ценовникот за висината на минималниот надоместок на услугите на овластените архитекти и овластените инженери во област на високоградбата 
[Службен весник на РСМ бр.54 од 13.03.2023 година]

pdf icon

 Преземи ценовник за  висината на минималниот надоместок на услугите на овластените архитекти и овластените инженери во област на високоградбата 
[Службен весник на РСМ бр.259 од 01.12.2022 година]

pdf icon

 Преземи ценовник со табели во боја

pdf icon

 Преземи Анекс на ценовник со табели во боја

Excel icon

 Преземи КАЛКУЛАТОР за ценовникот за висината на минималниот надоместок на услугите на овластените архитекти и овластените инженери во област на високоградбата

За да го користите Калкулаторот потребно е да дадете дозвола на Вашиот компјутер да извршува Macro команди и да овозможите кирилична поддршка во Windows > Regional Settings > Language for non-Unicode programs.


pdf icon

 Преземи Упатство за работа на Комисија за постапување по пријави за непочитување на Ценовникот високоградба

Број на посетители

Денес815
Овој месец22263
Вкупно од 1.9.20171236687

Комората е членка на Европскиот совет на инженерски комори

Комората е членка на Светската федерација на инженерски организации

ecce logo webace logo web