Стручна посета на брани и хидроцентраци во Австрија

Печати

Здружението за брани (ЗМКГБ) организира стручна посета на брани и придружни објекти во Австрија во периодот 28.5 - 3.6.2017 година. Во прилог подолу можете да ги преземете деталните информации за уплата на аванс, прифатената понуда од агенцијата Савана и техничките податоци на објектите што ќе бидат посетени.

Целта на оваа стручна екскурзија е размена на знаења и стекнување на нови искуства во областа на планирањето, одржувањето, оскултацијата и рехабилитацијата на хидротехничките објекти, кои се клучни системи на водостопанската и хидроенергетската инфраструктура во Македонија. Станува збор за мултидисциплинарни проекти каде рамноправно се вклучени градежни, машински и електро инженери. Сметаме дека оваа стручна екскурзија треба да има има што поголем број на учесници од различни профили кои во професионалниот ангажман се инволвирани во инженерството за брани и хидротехнички објекти.

Kaprun Dam, Austria. Source: Leo-setä/Flickr

Срдечен поздрав,

Претседател на ЗМКГБ

Проф. Љупчо Петковски

Прилог документи:

  1. Уплата на аванс за стручна екскурзија во мај/јуни 2017 година во Австрија [PDF]
  2. Технички податоци за браните во Австрија [PDF]Технички податоци за браните во Австрија [PDF]
  3. Савана инфо за екскурзијата „Големите брани во Австрија“ [PDF]