Во Пула, Хрватска се одржаа по 10-ти пат Денови на овластените електро инженери на Хрватска (ХКИЕ)

Печати

pula 1Во Пула, Хрватска во периодот од 4-8 октомври 2017 се одржаа по 10-ти пат Денови на овластените електро инженери на Хрватска (ХКИЕ). 

Работниот дел на симпозиумот на 10-тите денови на Комората на овластени електроинженери на Хрватска се одвиваше со предавања на теми според распоредот и на двете сесии на таканаречените округли маси.Покрај излагањата во склоп на работата симпозиумот беше одрзана седница на меѓународниот одбор на Коморите на овластените електроинженери од Хрватска, Словенија, Црна Гора и Македонија.

Во презентираните трудови и дискусиите кои се развиваа по нив се наметнува еден генерален став во членството на ХКИЕ дека е неопходно редефинирање на структурата на проектите за фаза електрика во смер на интеграција на електриката со командните фази на машинството, автоматиката, автоматизацијата на процесите со тенденција на постојано унапредување на заштедата на електричната енергија.

Членството на ХКИЕ е сериозно загрижено од можноста да електротехничарите да можат самостојно да раководат со изведбата на електричните инсталации во поедноставни градби. Пред се заради недефинираната граница на тоа што подразбира придавката “ поедноставни градби”. Овој став кон работните процеси се идентификува во повеке земји во Европа па затоа прашањето на неговата имплементација директно влијае на обемот на работата на овластените инжинери.

Една од главните смерници на развој на проектирањето се предвидува дека  е и ке биде БИМ софтверот за 3Д проектирање и технолошко унапредување, споредување и архивирање на  објектите. Иако овој софтвер базично наликува на надградба на нему сличните  3Д+ софтвери, тој располага со можноста за комплетно просторно дефинирање на сите фази во проектот со укажување на конфликтни зони, изработка на прецизен предмер и трошковник со можност на архивирање на секоја промена и доработка во фаза на експлоатација на објектот.

Фотографии

  • Click to enlarge image PULA_2.jpg
  • Click to enlarge image PULA_5.jpg
  • Click to enlarge image Pula_3.jpg
  • Click to enlarge image Pula_4.jpg
  • Click to enlarge image pula_1.jpg
  • Click to enlarge image pula_6.jpg
  •  
PULA_2.jpg PULA_5.jpg Pula_3.jpg

Pula_4.jpg pula_1.jpg pula_6.jpg