Делегација од Македонија учествуваше на конференцијата „Балкански инженерски форум – Регионална соработка на Балканот" кој се одржа во Софија, Бугарија

Печати

1

На 21 и 22.05.2018. Претседателот на комората, Проф. д-р Миле Димитровски и Министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија Проф. д-р Зоран Шапуриќ беа на дводневна посета на Софија каде учествува на конференцијата „Балкански инженерски форум – Регионална соработка на Балканот", организирана од Европскиот совет на инженери.

Во тек на конференцијата, Претседателот на Комората Димитровски и министерот Шапуриќ остварија повеќе билатерални средби со претседателот и генералниот секретар на Европскиот Совет на инженери Арис Хадзидакис и Клаус Туриедл, со заменикот министер за регионален развој на Бугарија Валентин Јовев и со претседателите на инженерски комори на Турција, Бугарија, Албанија и Босна и Херцеговина.

Министерот Шапуриќ на обраќањето на конференцијата ги нагласи напорите на Владата на РМ за забрзување на евроатланските интеграции и определбата за постојана соработка со стручните асоцијации меѓу кои и со македонската Комора на овластени архитекти и овластени инженери.

Конференцијата се одржува во рамки на активностите на претседавање на Бугарија со Европската Унија.

Фотографии

  • Click to enlarge image 1.jpg
  • Click to enlarge image 4.jpg
  • Click to enlarge image 6.jpg
  • Click to enlarge image 7.jpg
  •  
1.jpg 4.jpg 6.jpg

7.jpg