Предавање „Имплементација на системи за громобранска заштита од конвенционален тип“

Печати

Предавање „Имплементација на системи за громобранска заштита од конвенционален тип“На 6 јуни 2018 година во Комората се одржа предавање на тема „Имплементација на системи за громобранска заштита од конвенционален тип“. Презентацијата на високо квалитетните системи за громобранска заштита и уреди за заземјување, од програмата на J.PRÖPSTER-Германија, една од најголемите компании во светот за производство на најсофистицирани елементи за надворешна и внатрешна громобранска заштита, ја спроведоа предавачите дипл.маш.инж. Кристина Николовска и Борјан Поповски од БЛИЦ ГАРД Скопје.

Учесниците на предавањето имаа прилика да слушнат совети и насоки за полесно интегрирање на овие системи во проектите, како и практичен приказ на елементите. Семинарот го посетија околу 80тина архитекти и инженери.

По завршувањето на предавањето се разви дискусија на темата во која учествуваа поголемиот дел од присутните.

Семинарот беше заокружен со дружење и коктел за сите присутни.

 

Фотографии од настанот

  • Click to enlarge image gromobrani_0624.jpg
  • Click to enlarge image gromobrani_0628.jpg
  • Click to enlarge image gromobrani_0632-featured.jpg
  • Click to enlarge image gromobrani_0638.jpg
  •  
gromobrani_0624.jpg gromobrani_0628.jpg gromobrani_0632-featured.jpg

gromobrani_0638.jpg

Повеќе информации за громобранските системи на: www.blitzguard.mk