Одржана работилница - Изработка на елаборати за поставување урбана опрема – недоследности и предизвици

Печати

Работилница: Изработка на елаборати за поставување урбана опрема – недоследности и предизвициНа 17 септември 2018 година, Комората во соработка со Град Скопје и Републички совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП), организираше работилница насловена - Изработка на елаборати за поставување урбана опрема – недоследности и предизвици.  

Работилница: Изработка на елаборати за поставување урбана опрема – недоследности и предизвици

Во чело – Никола Гаџовски, раководител на секторот за планирање и уредување на простор во Град Скопје и Ристо Манчев, Секретар на Републички совет за безбедност во сообраќајот на патиштата. Презентира, Аљоша Шопар, помошник раководител на секторот за планирање и уредување на простор во Град Скопје.

Согласно Законот за градот Скопје, Град Скопје има надлежност за утврдување на стандарди и давање согласност за поставување на времени објекти и урбана опрема на подрачјето на градот Скопје.

Во тековното работење, при контрола на елаборатите поднесени до Град Скопје, одговорните лица од градот констатирале одредени отстапувања и недоследности при изработка на елаборатите. Недоследното претставување на постоечката состојба при изработка на елаборатите, предизвикува потенцијална опасност за граѓаните при движење на тротоарите и во пешачките зони во Град Скопје.

На работилницата учество зедоа 50тина урбанисти, членови на Комората, при што, по завршувањето на воведните презентации се разви особено интересна дискусија, со бројни конструктивни предлози за решавање на проблемите настанати со утврдените недоследности.

pdf icon Заклучоци од работилницата [PDF]

Фотографии од настанот

  • Click to enlarge image 01.jpg
  • Click to enlarge image 02.jpg
  • Click to enlarge image 03.jpg
  • Click to enlarge image 04.jpg
  • Click to enlarge image 05.jpg
  • Click to enlarge image 06.jpg
  •  
01.jpg 02.jpg 03.jpg

04.jpg 05.jpg 06.jpg