Одржана трибина на тема: 80 години од инженерството за брани во Р. Македонија

Печати

Трибина на тема: 80 години на Инженерството за брани во Р МакедонијаВо организација на Здружението Македонски комитет за големи брани (ЗМКГБ), во конфренциската сала на КОАОИ во Скопје, на 19 октомври 2018 година, се одржа Трибина на тема: 80 години од инженерството за брани во Р. Македонија. Поводот за одржувањето на научниот собир е одбележувањето на значајниот јубилеј: 80 години од изградбата на првата брана во Р. Македонија - лачната брана „Матка“, која беше изградена во 1938 година. 

 

На Свеченото отворање на Трибината, во Скопје, поздравен збор беше даден од проф. Љупчо Петковски, претседател на ЗМКГБ и претседател на Организациониот одбор. Беше подвлечено дека денес со гордост се констатира дека градителите на брани во Р. Македонија се достојни наследници и продолжувачи на благородното дело на академик Пеќинар од 1938 година. Потврда е фактот дека во Р. Македонија се изградени 45 брани со регионално значење, од кои 4 се јаловишни брани, и околу 110 пониски насипни брани со локално значење. Бројот од околу 150 изградени брани, практично од сите видови (насипни  и бетонски, гравитациски и лачни), кои според критериумот на ICOLD се во категоријата на „големи брани“, покажува дека пропорционално на капацитетот и големината на државата, Р. Македонија е позиционирана на врвот на Инженерството за брани во Европа. Тука треба да се истакне дека најзначајните водостопански објекти се проектирани и изградени од домашни компании, што е најдобра потврда дека во периодот од осум децении е создадена препознатлива и респектирана македонска хидротехничка школа.

На учесниците на Трибината им се обрати Љупчо Николовски, Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Влада на Р. Македонија, кој го истакна значењето на браните за водостопанството на Македонија, и даде преглед на тековните и идните инвестиции на МЗШВ за зајакнување на хидротехничката инфраструктура. Пригодно обраќање до учесниците на Конгресот со посакување на успешна и плодотворна работа имаа: проф. Миле Димитровски - претседател на КОАОИ, проф. Јосиф Јосифовски - продекан на Градежниот факултет, УКИМ, проф. Мери Цветковска - претседател на ДГКМ и проф. Јован Б. Папиќ - претседател на ДГМ.

На трибината присуствуваа 80тина инженери и гости.

Фотогалерија од настанот:

  • Click to enlarge image 01.jpg
  • Click to enlarge image 02.jpg
  • Click to enlarge image 03.jpg
  • Click to enlarge image 04.jpg
  • Click to enlarge image 05.jpg
  • Click to enlarge image 06.jpg
  • Click to enlarge image 07.jpg
  • Click to enlarge image 08.jpg
  • Click to enlarge image 09.jpg
  • Click to enlarge image 10.jpg
  • Click to enlarge image 11.jpg
  • Click to enlarge image 12.jpg
  • Click to enlarge image 13.jpg
  • Click to enlarge image 14.jpg
  • Click to enlarge image 15.jpg
  •  
01.jpg 02.jpg 03.jpg

04.jpg 05.jpg 06.jpg

07.jpg 08.jpg 09.jpg

10.jpg 11.jpg 12.jpg

13.jpg 14.jpg 15.jpg