Транспортно планирање за одржлива урбана мобилност во градовите

Печати

Транспортно планирање за одржлива урбана мобилност во градовитеВо рамките на работата на Одделението на сообраќајни инженери на 9 ноември беше организиран настан со предавање на тема: Транспортно планирање за одржлива урбана мобилност во градовите. Предавач на овој настан беше м-р Горан Јовановиќ од АППИА ДОО Љубљана, Словенија.

 

Одржливата урбана мобилност на луѓето во градовите во последните години е императив за работа за секој транспортен планер. Употребата на транспортните модели во планирањето е задолжителна, доколку сакаме да овозможиме одржлива мобилност на секој корисник и во секое време. Само на тој начин можеме да допринесеме за правилен плански и урбан развој на секој град. Овие предавања треба да овозможат продлабочување на знаењата за транспортните модели, начинот на употребата на софтверските алатки во транспортното планирање и нивната практична примена. Преку овие предавања и меѓусебната размена на искуства во оваа област, осознавањето за новите насоки во планирањето и практичните решенија ќе се овозможи унапредување на знаењата и подигање нивото на стручност на сообраќајните инженери.

На предавањето присуствуваа 70тина инженери на кои по завршувањето им беа доделени сертификат за континуирано стручно усовршување.

Фотографии од предавањето:

  • Click to enlarge image 01.jpg
  • Click to enlarge image 02.jpg
  • Click to enlarge image 03.jpg
  • Click to enlarge image 04.jpg
  • Click to enlarge image 05.jpg
  • Click to enlarge image 06.jpg
  •  
01.jpg 02.jpg 03.jpg

04.jpg 05.jpg 06.jpg