Информација за настан од проект TRAINEE - за проблематика од областа на енергетската ефикасност

Печати

Обука на архитекти за интегриран и систематизиран пристап во проектирањето на ЕЕ објектиНа 22 и 23 февруари 2019 година, во хотел Порта, ќе се одржи дводневна обука наменета за инженери-дипломирани архитекти, со минимално образование - ниво VII, кои дејствуваат во полето на проектирање на градежни објекти или се ангажирани во јавни институции и се занимаваат со проблематиката на енергетска ефикасност.

(Напомена: Настанот не е во организација на Комората, ниту пак Комората стои зад содржината и квалитетот на обуката)

 

ОПШТАТА ЦЕЛ НА ОБУКАТА е: оспособување на учесниците да следат и применуваат систематски и логичен пристап во проектирањето на ЕЕ (енергетски ефикасни)  објекти преку четири модули:

Модул 1: ОПШТО ЗА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ;

Модул 2: ПРОЕКТИРАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ ОБЈЕКТИ;

Модул 3: ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА;

Модул 4: КЛИЕНТИТЕ - СОЈУЗНИЦИ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ.

СПЕЦИФИЧНИ ЦЕЛИ НА ОБУКАТА се:

  • Подигање на свесноста за потребата за ЕЕ нa ниво на држава и на ниво на инвеститор;
  • Знаење за дефинирање на енергетската класа на објектот и вештини за пресметки за планираната потрошувачка на енергија;
  • Информации за барањата на Законската регулатива и начинот на нивното исполнување и
  • Стекнување разбирањето за потребата од сојузништво со клиентите за валоризирање на додадената вредност на ЕЕ објект.

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ:

  • Учесниците се запознаени со систематизираниот и логичен пристап во проектирањето на ЕЕ објекти;
  • Учесниците се свесни за придонесот на проектирањето на ЕЕ објекти и  вклучени во следењето на нивниот придонес во проектите што ги проектираат и/или одобруваат со енергетска класа;
  • Учесниците се запознаени со методите на пресметка на енергетската потрошувачка и документацијата за дефинирање на категоризацијата на објектот.

По обуката ќе бидат испорачани СЕРТИФИКАТИ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ на обуката.

Обучувачи:

  1. М-р Жанина Стаменкова дги
  2. М-р Живко Димов дми
  3. Зора Каралиева диа

 

Повеќе информации за обуката

Локација: Хотел ПОРТА, Аеродром, Скопје (http://www.hotelporta.com.mk)
Дата: 22 и 23, февруари 2019 год. со почеток 10 часот