Средба со овластени архитекти и инженери од Гостивар и Тетово во врска со недостатоци на предлог-Законот за постапување со бесправно изградени објекти

Печати

Средба со овластени артхитекти и инженери од Гостивар и Тетово во врска со недостатоци на предлог-Законот за постапување со бесправно изградени објектиНа 14 март 2019 година, во просториите на Комората, се одржа средба со овластени архитекти и инженери од Гостивар и Тетово. Во разговорите учествуваа Претседателот на Комората, Раководителот на Одделението на архитекти и Заменик раководителот на Одделението на урбанисти и планери.

Гостите во непосредна дискусија со претставниците на Комората го искажаа своето незадоволство од одредени аспекти и прописи предвидени во предлог-Законот за постапување со бесправно изградени објекти. Ја изразија нивната загриженост за деградацијата на инженерската професија со актуелното законско решение и побарааа проактивно учество на Комората, како и поголема заложба за отстранување на недостатоците во законскиот проект.

Претседателот на Комората, Раководителот на Одделението на архитекти и Заменик раководителот на Одделението на урбанисти и планери се заложија дека детално ќе ги проучат посочените предлози во рамки на професионалните одделенија, ќе ги дополнат и ќе ги проследат до надлежните институции во насока на отсранување на посочените недостатоци и подобрување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти.

 

pdf iconПреземи допис до Министерство за транспорт и врски

pdf iconПреземи допис до Комората од овластените артхитекти и инженери од Гостивар и Тетово

Фотографии од настанот:

  • Click to enlarge image 01.jpg
  • Click to enlarge image 02.jpg
  • Click to enlarge image 03.jpg
  • Click to enlarge image 04.jpg
  •  
01.jpg 02.jpg 03.jpg

04.jpg