Информација од настан BELIMO – Швајцарски квалитет, светски бренд во автоматиката во системите за греење, ладење, вентилација и климатизација

Печати

BELIMO – Швајцарски квалитет, светски бренд во автоматиката во системите за греење, ладење, вентилација и климатизацијаНа 16 април 2019 година, во просториите на Комората се одржа презентација на компанијата Белимо - водечки светски бренд од областа на автоматиката во климатизацијата. Белимо како главен и единствен бизнис ги преставува извршните елементи во поле од HVAC автоматиката во инсталациите за греење, ладење, вентилација и климатизација.

Во палетата на продукти на Белимо спаѓаат: електромоторни погони (актуатори), вентили за регулација на хидраулични потрошувачки кругови и сензори за мерење во процесите на климатизација. 

На презентацијата, пред присутните седумдесетина електро и машински инженери, од страна на Горан Андреев - регионален преставник на Белимо Австрија, беа изложени детали за генерални воздушни апликации и генерални водени апликации со применет енергетски мониторинг. По завршувањето на презентацијата присутните имаа можност да поставуваат прашања и да дискутираат во врска со производите на Белимо и нивната практична примена.

Настанот заврши со пригоден коктел, организиран од компанијата.

Преземи Каталог на Белимо

 

Фотографии од настанот:

  • Click to enlarge image 01.jpg
  • Click to enlarge image 02.jpg
  • Click to enlarge image 03.jpg
  • Click to enlarge image 04.jpg
  • Click to enlarge image 05.jpg
  • Click to enlarge image 06.jpg
  •  
01.jpg 02.jpg 03.jpg

04.jpg 05.jpg 06.jpg