Одржан World Construction Forum 2019 во Љубљана

Печати

WCF 2019 ЉубљанаВо периодот од 8 до 11 април 2019 година, под покровителство на УНЕСКО и почесно покровителство на претседателот на Словенија Г-дин Борут Пахор, во Љубљана, се одржа World Construction Forum 2019. Темата на собирот беше „Градби и издржливост на инфраструктура“ (на англиски - Buildings and Infrastructure Resilience). 

Во рамките на GAM ECEC, на собирот присуствуваше претседателот на Комората ОАИ, Миле Димитровски. Исто така, како претставници на Комората на собирот присуствуваа раководителите на одделенијата на архитекти Реџеп Асани и урбанисти и планери Д-р Жаклина Ангеловска.

Форумот избилуваше со квалитетни предавања и дискусии, целата програма можете да ја погледнете тука. На крајот, како заклучок беше донесена таканаречената „Љубљанска декларација 2019“ која оди во прилог на поддршка на Програмата 2030 за Целите за одржлив развој.

 

Линк до видео од отворањето

Повеќе информации за собирот на https://www.wcf2019.org/