Информација од настан: Работилница на тема Одржлив енергетски развој – структура, улоги и активности

Печати

Одржлив енергетски развој – структура, улоги и активностиМакедонски и бугарски експерти ќе соработуваат и ќе разменуваат искуства од областа на енергетската ефикасност. Тоа го овозможува Меморандумот за соработка што го потпишаа Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија и Бугарската агенција за одржлив енергетски развој во рамки на работилница на тема „Одржлив енергетски развој – структура, улоги и активности“ што се одржа на 10 мај 2019 година во Скопје, во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери.

Меморандумот предвидува размена на добри практики меѓу двете земји и взаемна работа на експертите во областа на енергетската ефикасност, вклучително и во подготовката на документи кои ќе им помагаат на инженерите и ќе бидат полезни за развојот на подзаконските нормативни акти.

-За нас е задоволство да ги споделиме искуствата во областа на енергетската ефикасност. Ќе направиме се што е можно на експертско ниво за да размениме практики и заемни искуства. Сигурен сум дека може заемно да си бидеме полезни. Ние имаме што да научиме од вас, но и можеме да ви покажеме што сме направиле досега според упатствата од Европската Унија, изјави Ивајло Алексиев, извршен директор на Бугарската агенција за одржлив енергетски развој по потпишувањето на меморандумот.

Тој посочи дека е неопходно да се промени свеста на граѓаните уште од најмала возраст за да ја разберат смислата на енергетската ефикасност со цел да можат да ја применуваат во практичниот живот.

Директорот на Агенцијата за енергетика, Нехри Емрула посочи дека во рамките на денешниот настан беа потпишани два меморандума за соработка од кои вториот со Комората на овластени архитекти и овластени инженери.

-Во изминатите години како обврска во процесот на пристапување кон ЕУ ги подготвивме сите позначајни стратешки документи и акциски планови за реализација на политиките и мерките за унапредување на енергетската ефикасност. Пред донесување е законот за енергетска ефикасност што значи дека за многу брзо време ќе почнат обврските и мерките за негово спроведување со цел постигување на националните таргети за заштеда на енергијата, рече Емрула.

Нагласи дека со овие плански законски документи се создава правна и функционална рамка за примена на мерки за унапредување на енергетската ефикасност како економски исплатлива изводливост и додаде дека на тој начин би се постигнале најбрзи резултати во оптимализација на користењето на енергијата.

Професорот Миле Димитровски, претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, посочи дека и претходно имале одлични односи со Агенцијата за енергетика, а сега само се формализирало тоа.

-Се надевам дека со меморандумот ќе ги интензивираме односите, бидејќи со донесувањето на новиот закон за енергетска ефикасност и на правилниците се усложнуваат состојбите и се влегува во оперативна фаза каде ќе недостасуваат многу инженери и луѓе кои ќе треба да работат. Комората има капацитети да прифати такви одговорности и се надеваме дека со заедничката работа ќе направиме нешто подобро за нашата држава. Добредојдена за тоа ќе биде и соработката што ќе ја има Комората со Бугарската агенција за одржлив енергетски развој, бидејќи се тие поискусни на ова поле, рече Димитровски.

Презентации:

  • Агенција за енергетика на Република Северна Македонија (Eng)
  • Агенција за одржлив енергетски развој на Бугарија (Eng)
  • Национален акциски план за енергетска ефикасност на Бугарија (Eng)
  • Презентација на нов софтвер (Eng)

Информацијата во медиумите: МИА, други медиуми

Фотогалерија од настанот:

  • Click to enlarge image 01.jpg
  • Click to enlarge image 02.jpg
  • Click to enlarge image 03.jpg
  • Click to enlarge image 04.jpg
  • Click to enlarge image 05.jpg
  • Click to enlarge image 06.jpg
  • Click to enlarge image 07.jpg
  • Click to enlarge image 08.jpg
  • Click to enlarge image 09.jpg
  • Click to enlarge image 10.jpg
  • Click to enlarge image 11.jpg
  • Click to enlarge image 12.jpg
  • Click to enlarge image 13.jpg
  • Click to enlarge image 14.jpg
  • Click to enlarge image 15.jpg
  • Click to enlarge image 16.jpg
  • Click to enlarge image 17.jpg
  • Click to enlarge image 18.jpg
  •  
01.jpg 02.jpg 03.jpg

04.jpg 05.jpg 06.jpg

07.jpg 08.jpg 09.jpg

10.jpg 11.jpg 12.jpg

13.jpg 14.jpg 15.jpg

16.jpg 17.jpg 18.jpg