Информација од предавање: Изработка на хоризонтална сообраќајна сигнализација - квалитет, барања и примена

Печати

Изработка на хоризонтална сообраќајна сигнализација - квалитет, барања и применаНа 29 мај 2019 година, во просториите на Комората, со цел обезбедување на континуирано стручно усовршување на своите членови, во рамките на работата на Одделението на сообраќајни инженери, беше организирано предавање на тема Изработка на хоризонтална сообраќајна сигнализација - квалитет, барања и примена.


Предавањето го спроведе Бранислав Ловриќ, инженер технолог за материјали за хоризонтална сообраќајна сигнализација од Србија.
Тој се осврна на употребата на нови материјали за хоризонтала сообраќајна сигнализација, начинот на нивното производство, видовите, квалитетот и препознавањето. Нагласи дека контролата преставува предизвик како за произведувачите така и за проектантите, надзорните инженери и изведувачите. Ваквите предавања треба да овозможат размена на искуства, можни решенија на практичните проблеми, препораки за употреба на барањата од Правилникот за сообраќајните знаци, опрема и сигнализација на патот и дефинирање на нивото на потребниот квалитет на нејзината практична примена. Преку овие предавања и меѓусебната размена на искуства во оваа област ќе се овозможи унапредување на знаењата и подигање нивото на стручност на сообраќајните инженери.
На предавањето присуствуваа педесетина сообраќајни инженери и на секој од нив му беше доделена потврда за континуирано стручно усовршување.
Настанот заврши со пригоден коктел на кој присутните имаа можност да остварат непосредна комуникација со предавачот од Србија.

Фотографии од настанот:

  • Click to enlarge image 01.jpg
  • Click to enlarge image 02.jpg
  • Click to enlarge image 03.jpg
  • Click to enlarge image 04.jpg
  • Click to enlarge image 05.jpg
  • Click to enlarge image 06.jpg
  • Click to enlarge image 07.jpg
  • Click to enlarge image 08.jpg
  • Click to enlarge image 09.jpg
  •  
01.jpg 02.jpg 03.jpg

04.jpg 05.jpg 06.jpg

07.jpg 08.jpg 09.jpg