Комората на овластени архитекти и овластени инженери е добитник на плакета-признание од Градежниот факултет во Скопје

Печати

Комората на овластени архитекти и овластени инженери е добитник на плакета-признание од Градежниот факултет во СкопјеГрадежниот факултет во Скопје, како една од најстарите единици на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, оваа година го одбележува своето 70-годишно постоење. По тој повод, на 16.10.2019 година се одржа пригодна свеченост во Амфитеатарот на факултетот.

 

Во оваа пригода, беа доделени плакети на институции, компании, професионални и студентски организации за досегашната успешна меѓусебна соработка и придонес за развој и унапредување на градежното инженерство.

Комората на овластени архитекти и овластени инженери е добитник на плакета-признание, за успешна долгогодишна соработка со Градежниот факултет во Скопје.