Екс-ЈУ 2019 година - Современа архитектура на територијата на поранешна Југославија

Печати

Екс-ЈУ 2019 година - Современа архитектура на територијата на поранешна ЈугославијаНа 11 октомври 2019 година во Љубљана се одржа Денот на архитектите на Словенија, кој претставува централна манифестација за архитекти, пејзажни архитекти и просторни планери што ги здружува членовите на ЗАПС (Здружението на архитекти и планери на Словенија) и пошироката јавност.

Тема на годинашниот Ден на архитекти на Словенија 2019 беше Екс-ЈУ 2019 современа архитектура на територијата на поранешна Југославија.
Минатата година изложбата „Конкретна утопија“: Архитектура во Југославија, 1948-1980 година, беше претставена во МОМА во Њујорк, презентирајќи ја заедничката југословенска архитектура од времето на социјализмот како феномен што ги надминува локалните граници.
Врз основа на антифашистичката борба по Втората светска војна, Југославија, оваа повеќејазична и мултиетничка федерација, со помош на архитекти, дизајнери и инженери, изработи архитектонски модел кој и покрај разновидноста на стилови во градежништвото, располага со заеднички именители: доделување на станови, нови граѓански и социјални институции, јавни простории, туристичка инфраструктура, итн., а пред сè, препознатлива авторска поетика на доцната модернистичка архитектура.

На Денот на архитектите на Словенија 2019, присуствуваше Реџеп Асани, Раководител на одделението за архитекти при Комора ОАИ.

Фотогалерија од настанот

  • Click to enlarge image 00.jpg
  • Click to enlarge image 01.jpg
  • Click to enlarge image 02.jpg
  • Click to enlarge image 03.jpg
  • Click to enlarge image 04.jpg
  • Click to enlarge image 05.jpg
  • Click to enlarge image 06.jpg
  •  
00.jpg 01.jpg 02.jpg

03.jpg 04.jpg 05.jpg

06.jpg