Одржана електронска седница на Собранието на Комората ОАИ

Печати

Информација од одржана електронска седница на Собранието на Комората ОАИ

Во период на вонредна состојба поради опасноста од ширење на вирусот Ковид-19, Собранието на Комората ОАИ не беше во можност да одржи редовна седница на која ќе одлучува за тековните работи. Во овие услови, Претседавачот на Собранието М-р Ива Џагора одржа електронска седница на Собранието.

Членовите на Собранието во емаил порака ги добија потребните информации и им беше објаснет начинот на изјаснување по електронски пат за предложената одлука за нераспишување на избори во Комората и продолжување на мандатот на членовите на Собранието и органите и телата на Комората. 

По завршувањето на електронското гласање, со мнозинство гласови ЗА беше утврдено усвојување на предложената одлука.
Усвоената одлука можете да ја преземете во PDF формат на линкот подолу.

pdf iconОдлука за нераспишување на избори во Комората и продолжување на мандатот на членовите на Собранието и органите и телата на Комората