СТРУЧНА РАСПРАВА по Предлог текст на Правилникот за урбанистичко планирање

Печати

komoraВрз основа на член 24 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија, бр. 32 од 10.2.2020 година), изготвен е ПРЕДЛОГ текст на Правилникот за урбанистичко планирање. Во член 24 став (4) од Законот за урбанистичко планирање е уредено извршување на СТРУЧНА РАСПРАВА за Правилникот за урбанистичко планирање, но заради вонредната состојба во моментов и почитување на мерките и препораките од Владата на Република Северна Македонија, оваа расправа ќе се спроведе по електронски пат.

 

До Комората е доставен допис за учество во стручната расправа по предлог текстот на правилникот. За таа цел, Ве молиме Вашите сугестии, забелешки и мислења по предложениот текст (https://bit.ly/3bNR1uV), како членови на Комората, да ги доставите на електронската пошта на Раководителот на одделението на урбанисти и планери д-р Жаклина Ангеловска (Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.), најдоцна до 24.05. (недела) 2020 година.

Преземи ПРЕДЛОГ текст на Правилникот за урбанистичко планирање (https://bit.ly/3bNR1uV)