Обновен сертификатот на Комората за квалитет ИСО 9001:2015

Печати

Cert Logo DAS UKAS 9001 webОваа година изминаа 3 години од имплементацијата на ИСО стандардот 9001:2015 во Комората, па согласно условите од ИСО, потребна беше ресертификација, а не само редовна контрола. Ресертификацијата вклучуваше подетална проверка, споредено со редовните годишни контролни проверки.

Проверката меѓу другото вклучуваше:

  1. Визуелна проверка на работните простории и севкупните услови за работа. Оваа година проверката содржеше и контрола за спроведување на мерките за справување со здравствената пандемија. Беа исконтролирани сите одлуки и комуникации за работните распореди за време на пандемијата, како и физичкиот начин на заштита преку посебните мерки (маски, заштитни панели, редовна дезинфекција, лимитирано движење внатре во Комората итн).
  2. Проверка на поставените програмски цели изгласани од Собранието на Комората во 2019, и контрола на нивното спроведување во 2020.
  3. Проверка на процесот за апликација за ново овластување – целосна проверка на документаијата, од апликација, комисиски извештај, одобрување и подигање на овластувње, заедно со потпишана копија од подигнато овластување.
  4. На идентичен начин проверка и на процесот за продолжување на овластување
  5. Проверка на документацијата за странски овластувања
  6. Проверка на архивски книги и деловодници
  7. Општа контрола за компјутерскиот систем (заштита на податоци, back-up копии итн)
  8. Проверка на набавки – од одлука за набавка до потпишана доставница за примена набавка.
  9. Проверка на документот за целите на Коморатра, и мерки за контрола на спроведување на целите.
  10. Проверка на целосната документација за обуките: инфо за обука + листа на присутни + евалуација на настанот + копија од еден сертификат
  11. Проверка на класери/документација за вработените – од договори за работа, годишни одмори, универзитетски дипломи итн.
  12. Листата на обуки за вработените, согласно ИСО стандардите (оваа година е специфична заради состојбата со пандемијата, па имаме намален број на обуки)
  13. Беше проверен и процесот на измена на документацијата во Комората, од аспект на документирање на самите измени.

Ресертификацијата помина во најдобар ред, без забелешки и со посебни пофалби за начинот на работење.

pdf iconТука може да го преземете актуелниот сертификат на Комората за квалитет ИСО 9001:2015сертификат на Комората за квалитет ИСО 9001:2015