Информација од одржана презентација на дигитална градежна платформа ПТСПИ развиена од Еликософт

Печати

elikosoft infoНа 26 ноември и на 10 декември 2020 година се одржаа две презентации на дигиталната градежна платформа ПТСПИ развиена од компанијата Еликософт. Двете презентации се одржаа преку платформата ZOOM во организација Комората ОАИ.

Присутни беа околу стотина градежни инженери и архитекти кои имаа можност да слушнат за оваа уникатна градежна платформа за дигитализација на комплетниот градежeн процес, почнувајќи од анализа на исплатливоста на идниот проект, преку проектирање и изведба, па сè до изведбениот гарантен период и одржување на објектот. Исто така, беше истакнато дека на оваа платформа е овозможена  дигитализација на постоечкото градежно знаење и интеграција со постоечките BIM софтвери.

Презентацијата ја водеше д.и.а. Димитар Стојановски, главен архитект во фирмата Еликософт. Дипломиран на Архитектонскиот Факултет во Скопје во 2009 година, Димитар Стојановски има повеќегодишно искуство во проектирањето и изведбата на објекти од прва и втора категорија. Покрај ова работел и како Archicad инструктор за BIM софтвер, а ова знаење го применува повеќе од три години во Еликософт како дел од тимот за развој на ПТСПИ и предводник на работната група за стандардизација на градежништвото во Македонија во соработка со Градежниот Факултет во Скопје.

Подетални информации околу платформата и нејзиното користење може да се добијат на http://elikosoft.com.mk/specific-packet-industry#ptspi или преку контакт на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

 

Фотографии од вебинарите:

00.jpg 01.jpg 02.jpg

03.jpg 04.jpg 05.jpg

elikosoft_info.jpg