Усвоен Тарифникот за вредноста на работите од урбанистичко планирање

Печати

sl.vesniki tarifnik urbНа предлог на Собранието на Комората ОИА, Тарифникот за вредноста на работите од урбанистичко планирање беше доставен до Министерството за транспорт и врски, како надлежно министерство, кое го одобри и го достави до Владата на РС Македонија.

Владата на својата седницата одржана на 12 јануари 2021 година даде согласност за Тарифникот и Одлука за истиот е објавена во Службен весник бр.8 од 12.01.2021 година.

Преземи извадок од Службен весник бр.8 од 12.01.2021 година, каде што е објавена одлуката за Тарифникот за вредноста на работите од урбанистичко планирање

Преземи го Тарифникот за вредноста на работите од урбанистичко планирање