Информатор за активности на Комората

×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

РЕАКЦИЈА НА ОТВОРЕНО ПИСМО

Pin It

komoraРеакција на Отворено писмо од претседателот на ААМ – Мишко Ралев

Почитуван професор Ралев,

По многу двоумења дали е потребно е да одговорам на отвореното обраќање, поради информирање на јавноста, поради доброто информирање на јавноста бидејќи сме сериозни луѓе и не смееме да кажуваме невистини во јавност, решив да напишам неколку редови со кои сакам да појаснам некои работи што ги неведувате во вашето јавно писмо а според мене  не се многу точни. Според мое мислење не сте многу информирани да не кажам дезинформирани со активностите на одделението за архитектура особено, и повеќе со активностите на Комората воопшто. Затоа, драг професор, дозволете ми да почнам со ред.

Како прво, јас силно се согласувам со она што го нагласувате дека проектот за универзалната сала во Скопје бил дониран на градот Скопје од страна на еден наш колега. До тука многу убаво. Сепак, не би се согласил со постапките што не се обелоденети  јавно до овој момент, исто како што е објектот е универзална сала јавен објект. Значи, јас сум поддржувач на јавните конкурси, транспарентни за да им овозможиме на сите архитекти и инженери подеднакво да ги изразуваат своите креативни и професионални вештини. Нешто што најмногу ме боли е тоа што воопшто не излезе на виделина и напорот и трудот на нашиот колега многу почитуваниот архитект, мој и ваш пријател арх. Ангел Ситновски кој според моите информации го дизајнираше целиот проект за реконструкција. Овој факт почитуван професор Ралев, како претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија требало да го потенциравте вие. Сепак, вие не го откривте овој факт за јавноста, иако сум многу убеден дека сте го знаеле. Зошто го криевте, драг професор?! Или одигрувате опортуно? Или како што вели народот фрли го каменот и скриј си ја раката? !!!  Од тука, мој драг професор не сте многу веродостоен за јавноста. И баш тука започнува моето несогласување со Вас.

Понатаму. Пишувате со задебелени букви дека само нашите Комори молчат, ние молчиме за Скопје 2014, молчиме за Охрид и неговата позиција во УНЕСКО, молчиме за начинот на заштита на нашите професионални интереси.

Почитуван професор Ралев, жал ми е што морам да кажам дека не сте информирани или уште полошо, лошо сте информирани. Можеби ние си молчиме, но работиме а вие само галамите и ништо не работите. Проектот „Скопје 2014“ беше владин проект, нашата комора е исто така организација формирана според Законот за градење и Законот за урбанизам. Ние како комора сме должни да се обидеме да го позиционираме нашето членство во општеството прво со нивно организирање, со нивно овластување како физички лица. Ова го сторивме многу успешно. Опремивме со овластувања околу 8000 архитекти и инженери во Република Македонија, верувам дека ви дадовме барем едно Овластување и на Вас. Значи ова е успех, ова право ни е дадено со закон. Со оглед на оваа премиса, не сакаме да се мешаме со архитектурата како производ на архитектите, оставајќи ви ја на вас. Еден од овие производи беше и барокот на Скопје 2014. Црн хумор. (П.С. Скопје 2014 не е направено од адвокати и медицинари професоре, тоа е направено од архитекти, од кои повеќето биле и се членови на вашето здружение !!! Онака наивно ве прашувам. Кои мерки ги преземавте против таквите луѓе, дали и зошто?) Овој производ, драг професор, мора вие да го дебатирате во вашето здружение како не би се повторил во нашето општество. А според моето сеќавање, такво нешто се случило од некои наши колеги кои исто така се членови на Вашето здружение. Ја поздравувам нивната реакција без да навлегувам во анализа дали тие се или не се во суштина во право, но пред се ја поздравувам како граѓанска храброст и должност.

Второ, за да протестираш не е потребно да имаш субјект да застане зад тебе. Само да ве потсетам на еден факт. Г-ѓа Едит Дурхам во далечната 1913 година протестираше сама пред британскиот парламент поставувајќи транспарент на вратот, против мизериите од балканските војни. Вас не сум ве видел да правите такво нешто иако сигурно немаше да ве спречиме. Но, најверојатно, ќе ве поддржевме барем вербално.

За градот Охрид, пред сè, човекот што го плаќаат даночните обврзници на нашата Република кој треба да се грижи за Охрид, а тој е градоначалникот кој не го познавам лично, но ова не е важно, треба да побара наше мислење и сугестии. Лубезно го молам да ни се обрати за помош со тоа што прво ќе нè информира за неговите потреби. Тогаш наше е да одговориме позитивно. Тој досега не сторил такво нешто.

Понатаму. Апелирате до нас како Комора а и до други, итно да иницираме озаконување на ценовниците за проектирање и планирање до Министерството за транспорт и врски и оттаму до Владата!. И тука, за жал, не сте добро информирани, Собранието на Комората веќе пред долго време ги одобри овие два стратешки документи. Никогаш порано не сме ги имале. Ова е наша заслуга драг професор, но вие тоа не го кажувате, вие само одложувањата ги потенцирате. Никогаш порано ги немавме овие документи. Зошто не протестираше тогаш драг професор? Ами сега гласно кажувате на нешто што веќе е скоро завршено!

Понатака, воопшто не сте информирани дека јас лично како раководител на одделението за архитектура, д-р Жаклина Ангеловска како раководител на одделението за урбанисти и проф.д-р Миле Димитровски како претседател на Комората постојано и интензивно сме работеле овие два документи да бидат одобрени од Министерството и Владата. Мора да земеме во предвид уште еден факт, дека Министерството за транспорт и врски е едно министерство со најголема органика и покрива многу големи области и е преоптоварено со работа. Треба да покажеме и разбирање за такви одложувања што се последица на преоптоварувањата. Јас лично би сакал да го вратиме Министерството за Градежништво и Урбанизам како порано. Мислам дека тогаш би биле уште поефикасни. За ова прашање, јас силно се согласувам да се организира една  професионална јавна дебата. Сакам да ве информирам вас и јавноста дека тарифникот за урбанизам е во завршна фаза, односно Владата даде согласност, а деновиве ќе биде и објавен во Службен Весник. Со тоа една голема работа и една наша обврска е завршена. Останува уште нашиот тарифник за Инженерски услуги да го завршиме час поскоро.

Не подалеку од вчера, на 10.03.2021 година, јас лично имав работен состанок со претставниците на Министерството за транспорт и врски, со г-ѓа Ана Ѓорѓиоска и со советникот на министерот г.Живко Спасески, најкомпетентните луѓе за оваа работа. Во многу топла атмосфера, со меѓусебно разбирање, тие ме информираа дека имаат и наредба од министерот г. Бочварски веднаш да се занимаваат со прашањето на тарифниците. Среќен сум што можам да и соопштувам на јавноста и професионалците дека до средината на април месец оваа година во просториите на Министерството за транспорт ќе имаме финален состанок на кој ќе бидат поканети претставници на Коморите, претставници на ЗЕЛС, претставници од општини, претставници на приватни проектантски субјекти на кој состанок ќе донесеме конечна одлука за одобрување на тарифникот за проектантски услуги од страна на Министерството и Владата. Им благодарам за искрената посветеност и разбирање и ви давам одлична вест дека ова прашање ќе биде затворено еднаш засекогаш. Со ова, ќе започне консолидацијата на пазарот за проектирање, што потоа ќе ги задржи инженерите и архитектите, за да не емигрираат во странство.

Така да, начините и методите кои вие ги предлагате, протести, демонстрации, итн. се начини за мене застарени и непродуктивни. Јас им гарантирам на моите колеги дека со разговорите што ги имам со Владата и Министерството за транспорт, ова прашање ќе биде затворено во наша корист. Јас лично им се заблагодарувам на мојот тим Арх.Веселинка Герасимовска, Арх. Благојче Цветковски и Арх. Сашо Блажевски и арх.Никола Велковски за посветеноста во изготвувањето на овој тарифник. Исто така, поканивме и други архитекти од вашето Здружение да дадат придонес за ова прашање, за жал, тие воопшто не се разбудиле. Потоа им се заблагодарувам на сите членови на управниот одбор на Комората, на раководителите на други одделенија како што се градежници, машинци, електроинженери итн. кои несебично се обврзаа овој тарифник да биде одобрен и од членовите на Собранието на Комората, без да заборавам на многу проактивната улога во управувањето со овој мачен процес, од претседателот Димитровски, посветеноста на вработените во Министерството и Министерот лично.

Сакам да ве известам за уште еден факт, драг професор, беше самиот министер Бочварски кој по наша покана си дојде во просториите на Комората и лично ги слушаше нашите поплаки, изрази подготвеност да ги решиме проблемите. Ова ни е документирано на нашата веб-страница. Јас лично изразив итна потреба да се запре иселувањето на нашиот млад кадар со одобрување на цените и донесување на подобар Закон за Градење. Му објаснив на Министерот како организираме семинари за БИМ технологијата за нашите членови ги подготвуваме со новите технолошки напредувања, за да бидат конкурентни во пазарот. За сето ова тој ни го стави на располагање целото министерството, затоа треба да му се заблагодариме а не да протестираме пред министерството. Почитуван професоре, ако сакате можете да го сторите тоа, можевте да го сторите тоа и порано, но не сте протестирале. Би било добро, драг професор, да се посветиш повеќе на архитектурата. Може да се протестира со архитектура, архитектите се исто така уметници, уметниците протестираат со уметнички дела, боксерите и војниците протестираат со извици. Ние сме инженери, одговорни луѓе. Ние работиме за доброто на инженерите и целото човештво. Само во духот на соработка а не со поделби. Почитуван професоре, научете ги вашите студенти добри работи, а не незадоволства и злоба, подгответе ги за консолидираниот пазар за проектирање. Во оваа прилика, дозволете ми јавно да ве поканам да соработувате со нас, а не во ривалство. Ние сме исти, архитекти. Јас лично,  многу се залагам и ја почитувам меритократијата.

 

Арх. Реџеп Асани,
раководител на професионалното одделение за архитектура
во Комората на овластени архитекти и овластени инженери