Промоција на книгата со изложба како дел од проектот „Архитектура на издиш/надув-ување 1“

Печати

0001Промоцијата на книгата со изложба како дел од проектот „Архитектура на издиш/надув-ување 1“ на архитектот Лазар Димов, соодветно на објавената покана, се одржа во холот на Филхармонијата на РСМ на 19 Ноември 2021 година (петок) со почеток во 20:00 часот.
На почетокот присутните имаа можност да се запознаат со дел од содржината на книгата преку изложените двострани панои. Начинот на кој што беа изложени двостраните панои, дозволуваше можност за поминување низ нив, со што флуидноста на просторот беше задржана во целост, а истовремено посетителите креираа сопствени уникатни траектории, и на еден современ начин беше избегната традиционалната изложбена концепција на движење на публиката во еден правец покрај ѕид.

 0002

До позицијата на промотивната маса, на пулт за ноти беше поставен врамениот оргинален дневник кој е рачно пишуван и е главниот извор за ставовите и материјалите изнесени на оваа промоција.
По терминот предвиден за разгледување на изложбата, пред присутните, прв се обрати авторот Лазар Димов, кој се заблагодари на Министерот за култура на РСМ – г-ѓа Ирена Стефоска, нејзиниот Кaбинет, Комисијата за одобрување на проектите, и постојаниот тим од Секторот за култура и уметност при Министерството за култура на РСМ како и на директорот на Филхармонијата г-ѓа Тина Иванова.

Потоа, авторот со неколку реченици се осврна и на делото „Архитектура на издиш/надув-ување 1“: - „Тоа е еден вид на архитектонски дневник пишуван во период од две години и тоа осетливите 2014 и 2015 година. Тоа се белешки, за кои јас сум имал некаков интерес во тоа време и сум сметал дека се архитектонски вредни и истовремено вредни за споделување. Внатре ќе пронајдете кратки анализи на култни објекти од Скопје, кои можеби ќе ви изгледаат критички тендециозни, но во тој период мојот сензибилитет бил таков и сакав автентично да го пренесам. И самото тоа што на некои објекти подолго се задржувам од денешен аспект го толкувам и како почит, како примерот со студентскиот дом „Гоце Делчев“. За повеќето објекти препорачувам рушење, и за да биде илузорноста поголема , тие објекти коишто ги глорифицирам, како на пример „старата железничка станица“, таа се руши во моментот, и фотографиите што сум ги направил тогаш, веќе никогаш не можат да се повторат.
На крај авторот го поздрави и тимот во печатницата Борографика, колегите од сајтот - МАРХ и се заблагодари на престижната Комора на овластени архитекти и овластени инженери.(www.komoraoai.mk)
Пред да го најави првиот присутен рецензент, авторот упати благодарност и до професорот истражувач д-р Александра Крстиќ од универзитетот Tecnológico de Monterrey во Мексико, за која кажа дека кристално јасно го разбирала архитектонскиот јазик на интернационално ниво, а за нејзиниот капацитет говорат длабоките научни трудови.
Потоа, авторот го покани да земе реч рецензентот м-р Маријана Котевска - Георгиева за која кажа дека ја доживува како вистински културен активист, но, не во смисла на социјална интеракција, туку активист преку изразот на нејзиното творештво без разлика на тоа дали се работи за проза, поезија или филм.
Во излагањето м-р Котевска - Георгиева меѓу другото кажа – „ Архитектура на издиш/надув-ување е литература за која се размислува долго. Додека се читаат овие редови, се гледаат овие слики, се има чувство дека се патува со воз, брз 180км/ч, низ град во кој улиците, мостовите, канализациските цевки, инсталациите, зградите се живи, комуницираат, се притискаат, се караат, се борат за простор и за воздух. А по патувањето, зачудени се прашуваме дали вистински го знаеме и колку вистински го сакаме просторот во кој живееме? Што неизбежно ја имплицира и претпоставката – дека сме сосема обезвреднети. И индивидуално и колективно.
Пред да започне со неговото образложение проф. Д-р Митко Хаџи Пуља кажа дека рецензијата на г-ѓа Маријана Котевска - Георгиева е на ниво авторски текст кој паралелно влегува во текстот на главната книга.
Професорот во неговата експликација ги елаборираше двете битни поенти за делото на Лазар Димов, (кои поконкретно се опишани во неговата рецензија на крај на книгата) а тоа дека се работи за едно комплексно дело кое ги надминува еднозначните книжевни категоризации и кое истовремено припаѓа на жанрот белетристика, но и на стручната литература. Тој на еден начин даде волумен и на делото и на временскиот контекст, кажувајќи дека, ако денес човек постави прашање за вредност, или прашање за чувство, веднаш ќе биде прогласен за анахроничен.
Во неговото излагање пред присутните професорот кажа (цитат): ...Во однос на стручниот аспект, човек само да ги извади стручните дефиниции, ќе направи малечок прирачник, значи прирачник со правила, коишто се конкретни, физички, кои треба да ги почитуваме , коишто се точни и јасни. А овој белетристичкиот аспект за мене, тоа е жанр, нели, на еден дневник. Е сега што значи дневник? Да се пишува дневник? Прво дневник е многу интимно. Дневникот – се распаруваш, запишуваш нешто што ти се случува и после таму некој го чита... ова го гледам како еден начин, како еден светол миг, (не како светулка пошто светулките кратко траат), среќен миг што некој човек, се осмелил, завзел став и го кажува, и тоа што е најтешко, кога не е надвор. Во моментот си, и да го видиш - моментот. Лесно е после десет години да зборуваме. Во таа смисла делото на Лазар Димов е одлично и го поздравувам.
Потоа гостите беа поканети на коктел во продолжение на холот, за да ги споделат општите впечатоци. Во меѓувреме книгата можеше да се подигне со промотивна цена на чинење од двесте денари. Инаку самото издание е формат А6, со тврд повез кој е реткост во македонските публикации. Дизајнот на корицата беше директно поврзан и со видеото на екраните во холот на Филхармонијата како тема од насловот а тоа беше издишувањето и надувувањето на станбена кула од градскиот ѕид од центарот на градот Скопје и тоа кулата именувана во литературата со буквата „М“.
Во продолжение можете да се запознаете со дел од паноите што беа изложени во холот на Филхармонијата на РСМ.

Фотографии:

  • Click to enlarge image 0001.jpg
  • Click to enlarge image 0002.jpg
  • Click to enlarge image 0003.jpg
  • Click to enlarge image 0004.jpg
  • Click to enlarge image 0005.jpg
  • Click to enlarge image 0006.jpg
  • Click to enlarge image 0007.jpg
  • Click to enlarge image 0008.jpg
  • Click to enlarge image 0009.jpg
  • Click to enlarge image 0010.jpg
  •  
0001.jpg 0002.jpg 0003.jpg

0004.jpg 0005.jpg 0006.jpg

0007.jpg 0008.jpg 0009.jpg

0010.jpg