Информација од стручно предавање: Инспекција на безбедноста на патиштата (Road safety inspection)

Печати

Информација од стручно предавање: Инспекција на безбедноста на патиштата (Road safety inspection)На 11 мај 2022 година, во просториите на Комората, по две годишна пауза, се одржа стручно предавање со физичко присуство. Предавањето насловено „Инспекција на безбедноста на патиштата (Road safety inspection)“ - Законска регулатива, изготвување на извештај од инспекција (практични примери од регионот) и примена на извештајот се спроведе во организација на Одделението на сообраќајни инженери при Комората во соработка со Здружението на сообраќајни инженери на Македонија.

Настанот го отвори раководителот на Одделението за сообраќај Андон Петровски, а присутните со свое обраќање ги поздрави претседателката на Комората на овластени архитекти и инженери, м-р Кристинка Радевски. Таа изрази задоволство за големиот интерес за предавањето и ја истакна заложбата на Комората да им овозможи на своите членови можност за професионален развој и едукација.

Предавањето го одржа г-ѓа Диана Русинова, Експерт по безбедност на патиштата од Софија, Република Бугарија. Таа во својата презентација се осврна на тоа дека сообраќајот, посебно патниот сообраќај како начин и стил на социјално и индивидуално живеење е еден од современите предизвици на нашето време. Истакна дека сообраќајот истовремено e многу сериозен извор на разновидни загрозувања, опасности и сообраќајни незгоди чии последици се: човечките животи, потешки и полесни повреди и големи материјални штети. Безбедноста на сообраќајот е една комплексна општествена, хуманистичка и техничка наука, па во склад со тоа, а имајќи го предвид огромниот број на фактори кои влијаат на безбедноста на сообраќајот, може да се заклучи дека мерењето, односно оценувањето на безбедноста на сообраќајот не е едноставно. Како еден од факторите за подобрување на безбедноста е Инспекцијата за безбедност на патиштата (RSI) која претставува систематски преглед на лице место на постоечки пат или дел од патот за да се идентификуваат опасните услови, проблеми, недостатоци кои можат да доведат до сериозни несреќи

На настанот присуствуваа педесетина учесници, на сите присутни им беа доделени сертификати за континуирано стручно усовршување.

Фотографии од предавањето

  • Click to enlarge image DSC_0011.jpg
  • Click to enlarge image DSC_0012.jpg
  • Click to enlarge image DSC_0020.jpg
  • Click to enlarge image DSC_0021.jpg
  • Click to enlarge image DSC_0023.jpg
  • Click to enlarge image DSC_0026.jpg
  • Click to enlarge image DSC_0034.jpg
  • Click to enlarge image DSC_0054.jpg
  •  
DSC_0011.jpg DSC_0012.jpg DSC_0020.jpg

DSC_0021.jpg DSC_0023.jpg DSC_0026.jpg

DSC_0034.jpg DSC_0054.jpg