Петти симпозиум на Друштвото за геотехника на Македонија (ДГМ)

Печати

Петти симпозиум на Друштвото за геотехника на Македонија (ДГМ)Во периодот 23-25.6.2022 год., во хотелот Метропол во Охрид се реализираше Петтиот симпозиум на Друштвото за геотехника на Македонија (ДГМ). Истиот беше поддржан од страна на Меѓународното друштво за механика на карпи и инженерство во карпи (ISRM) и се спроведе во форма на Специјализирана конференција на ISRM.

Поради условите во изминатите повеќе од две години, симпозиумот во неколку наврати се одлагаше, што доведе до изразен интерес за учество. На симпозиумот учество земаа преку 200-те гости од 30 земји од сите континенти, надминувајќи ги плановите и очекувањата на организаторот. На него беа презентирани вкупно 94 реферати од Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Албанија, Турска, Унгарија, Италија, Полска, Казахстан, Јапонија и други.

Во рамки на симпозиумот се доделија и признанија за институции, фирми и личности од земјата и регионот кои се заложиле за унапредувањето на геотехниката во државата во изминатиот период. За досегашната исклучителна соработка и поддршка, на Комората на овластени архитекти и овластени инженери беше доделена Благодарница која ја прими проф. д-р Јосиф Јосифовски, раководител на Одделението за геотехника.

За своето истакнато учество во изработката на Тарифникот на инженерски услуги како и работа на предлог-Законот за градба во рамки на Комората, како членови на Одделението за геотехника, инивидуални Благодарници им беа доделени на проф. д-р Јосиф Јосифовски, м-р Бојан Јаневски и м-р Доне Николовски.

Фотогалерија

  • Click to enlarge image 08.jpg
  • Click to enlarge image 09.jpg
  • Click to enlarge image 11.jpg
  • Click to enlarge image 14.jpg
  • Click to enlarge image 16.jpg
  • Click to enlarge image 18.jpg
  • Click to enlarge image AUS_0559.jpg
  • Click to enlarge image AUS_0561.jpg
  • Click to enlarge image AUS_0590.jpg
  •  
08.jpg 09.jpg 11.jpg

14.jpg 16.jpg 18.jpg

AUS_0559.jpg AUS_0561.jpg AUS_0590.jpg