Конкурс за изработка на идејни решенија за две градинки во Општина Аеродром

Печати

konkursОпштина Аеродром објави конкурс за изработка на решение за идејни проекти за изведба на две градинки, со цел да се надмине проблемот со кој се соочуваат граѓаните, а тоа е недостатокот на места за згрижување на дечињата. Станува збор за идејни проекти за двa модерни и современи објекти за згрижување на децата, од кои првиот ќе се наоѓа во Населба Лисиче, а вториот во непосредна близина на кулите Џевахир.

Конкурсот е отворен за аплицирање од страна на физички и правни лица. 

Стручна комисија која ќе ги оценува апликациите е составена од универзитетски професори од факултетот за архитектура, претставник на Комората на овластени архитекти и овластени инженери од Одделението на архитекти и други експерти и стручни лица во областа. Краен рок за достава на конкурсните трудови е 12.12.2022 година (понеделник).

Конкурсната документација е достапна на веб страната на Општина Аеродром - ЛИНК (http://aerodrom.gov.mk/vest/9010), а самиот Конкурс е достапен на Електронскиот систем за јавни набавки - ЛИНК (https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/notices).