Именувани награди од Комората за 2022 година

Печати

Комора ОАИКомората на овластени архитекти и овластени инженери, традиционално, од 2013 година доделува четири именувани награди на заслужни инженери.

Наградите се именувани:

  • ПРОФ. Борис Чипан - АРХИТЕКТУРА
  • ПРОФ. д-р Александар – Цане Ангелов - ГРАДЕЖНИШТВО
  • ПРОФ. д-р Илија Черепналковски - МАШИНСТВО
  • ПРОФ. д-р Станимир Јовановски - ЕЛЕКТРОТЕХНИКА

Критериумите за номинација за наградите во 2022 година се следни:

Номинираното лице треба:

  • да е докажан инженер, почитуван во стручната фела,
  • да е активен член на Комората во моментот на номинација,
  • да е струково активен во својата дејност во годината во која е кандидиран за наградата,
  • да достави највеќе три најзначајни инженерски достигнувања во изминатите пет години.

При номинацијата да се достави:

  • Kратка биографија,
  • Краток опис и графички додаток, на највеќе три референци за најзначајни реализирани објекти во последните пет години,
  • Кандидатот може да наведе и други достигнувања релевантни за развојот и афирмација на инженерството, вклучително и други добиени домашни и меѓународни награди и признанија.

Номинацијата не може да биде самостојна – односно, кандидатот за именувана награда треба да биде номиниран од друго лице.

Номинацијата се врши преку електронска пошта – Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или директно преку архивата на Комората, најдоцна до 28 ноември 2022 година, а согласно доставената електронска пошта до активните членови од соодветните професионални одделенија.