Јавен конкурс за признанија на ДГКМ

Печати

Јавен конкурс на ДГКМДруштвото на градежните конструктори на Македонија распишува Јавен конкурс за доделување на признаниja на ДГКМ за најдобро остварување во областа на градежното конструкторство во 2021 и 2022 година.
Признанието за најдобро остварување во областа на градежното конструкторство се доделува на дела завршени во 2021, односно 2022 година, за секоја од следните три категории:

  1. Теориско и/или експериментално истражување на конструкции;
  2. Проектирање на конструкции,
  3. Градење на конструкции.

Комплетно подготвените предлози за доделување на Признанието за најдобри конструкторски остварувања во 2021 и 2022 година треба да бидат доставени најдоцна до 31 март 2023 година на адреса: Друштво на градежните конструктори на Македонија, Градежен факултет - Скопје, Партизански одреди 24, П.Фах 560, 1000 Скопје, и/или по електронски пат на email-адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Преземи јавен конкурс

Повеќе информации за конкурсот на http://mase.gf.ukim.edu.mk