Информација за спроведување на обуки за „Еврокодови“ како програмска определба усвоена од Собранието на Комората на овластени архитекти и овластени инженери.

Печати

Обуки за проектирање по Еврокодови 2023Главната дејност на Комората на овластени архитекти и овластени инженери е штитењето на јавниот интерес и унапредување на архитектонската и инженерската професија преку континуирани процеси на едукација. Во таа насока раководството на институцијата во целост ја превзеде и оперативно ја подржа имплементацијата на „Еврокодовите“, Европските стандарди за проектирање градежни конструкции (Еврокодови) кои стапија на сила на 2 септември 2020 година во Република Северна Македонија и имаат паралелна примена со постојните правилници сѐ до 2 септември 2023 година.

 Препознавањето на темата и  подршката преку човечки и финансиски ресурси од страна на Комората директно произлегува од важноста на примената на европските стандарди заради обезбедување на квалитет, безбедност, сигурност и конкурентност на изградената средина.

Основниот чекор од страна на Претседателот на Комората беше направен преку поставување на темата „Обуки за еврокодови“ на исклучителна позиција како една од трите клучни програмски активности на Комората во Годишната Програма за работа за 2023 година, која беше усвоена од страна на Собранието на Комората.

Потоа оперативно беше направен динамички план на обуки во соработка со експерти составен од: раководителите на одделението на градежни инженери и одделението на инженери по геотехника, потпретседателот на Комората, деканот на ГФ-УКИМ, тим на професори од соодветните катедри на Градежниот факултет, Директорот на ИЗИИС-УКИМ и Раководителот за стандардизација од ИСРСМ.

Координатори на обуките се проф. Горан Марковски за бетонски конструкции проф. Петар Цветановски за челични конструкции, Проф. Јосиф Јосифовски за геотехнички конструкции.

Комората целосно го подржа и реализирањето на потребните публикации, прирачници и материјали за обуките, во својство на издавач.

Во текот на изминатиот период се одржаа 4 од предвидените пет модули. Во периодот од 12-16 обуките се однесуваа на Челичните конструкции, во периодот од 26-30 на армиранобетонски конструкции, а од 10 до 14 јули – обуките за геотехнички објекти. Обуките ги спроведоа професорите Д-р Горан Марковски, Д-р Петар Цветановски, Д-р Јовановски Милорад, Д-р Јосиф Јосифовски, Д-р Мери Цветковска, Д-р Папиќ Јован.

Свесноста на колегите инженери за значењето на оваа тема беше потврдена преку нивното обемно присуство.

Обуките ќе се одржуваат сѐ додека за тоа има интерес од страна на членовите на Комората. Планот за одржување на сите модули од обуките, е усогласен со интересот и барањата на инженерите и истиот ќе биде објавен на веб страната на Комората. Со овие значајни обуки Комората во целост се синхронизира со динамичкиот календар на задолжителна примена на „Еврокодовите“ која стапува на сила на 2 Септември 2023 година, кога практично и се укинува употребата на постојните важечки Правилници за проектирање на конструкции.

Во продолжение фотографии од  обуките:

  • Click to enlarge image DSC_0001_1.JPG
  • Click to enlarge image DSC_0002.JPG
  • Click to enlarge image DSC_0006.JPG
  • Click to enlarge image DSC_0011.JPG
  • Click to enlarge image DSC_0012.JPG
  • Click to enlarge image DSC_0015.JPG
  • Click to enlarge image DSC_0016.JPG
  • Click to enlarge image evrokodovi_memo.jpg
  •  
DSC_0001_1.JPG DSC_0002.JPG DSC_0006.JPG

DSC_0011.JPG DSC_0012.JPG DSC_0015.JPG

DSC_0016.JPG evrokodovi_memo.jpg