Одржана „Регионална средба на архитекти и инженери“ во Штип на 23.09.2023 година

Печати

naslovnaВо организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери беше одржана Регионална средба на архитекти и инженери во Големиот амфитеатар – Кампус 2 на Универзитет „Гоце Делчев“ Штип на 23.09.2023 година (сабота), со почеток од 12:00 часот. Во име на Комората се обрати Претседателката Кристинка Чулак, заблагодарувајќи се на колегите-инженери за присуството во толку голем број и за покажаниот интерес за актуелните случувања во професијата, со особен акцент врз неопходноста од почитување на ценовниците.„Да се почитуваме самите себе, за да нѐ почитуваат и останатите учесници во градбата“, рече таа. Како стручен модератор во континуитет на средбата даваше професионални експликации за сите отворени прашања. Подршката од највисоко државно ниво се покажа преку присуството на Министерот за транспорт и врски, господинот Благој Бочварски кој позитивно одговори на упатената покана од Претседателката на Комората.

Министерот во своето обраќање кон колегите архитекти и инженери ја истакна својата безрезервна подршка за менаџирање на актуелните проблеми во професијата со позитивен исход за сите засегнати страни, задржуваќи се на имплементацијата на Еврокодовите, притоа нагласувајќи дека нема да има следно пролонгирање. Тој исто така најави дека е во подготовка  новиот текст на Законот за градење. Оперативно, членот на Комората архитект Ана Ѓорѓиоска и актуелен претставник на надлежното Министерство, за време на средбата даваше директни, јасни и стручни појаснувања од областа на законската регулатива. Членот на Собранието од одделението на архитекти г-дин Никола Велковски, според најавената агенда, даде видување за актуелната примена на усвоениот ценовник за високоградба. Понатаму се обрати Потпретседателот на Комората градежниот инженер Дејан Метикош кој се задржа на ценовникот за нискоградба, a проф. Д-р Јосиф Јосифовски во кратки црти ги запозна присутните со суштината на ценовникот за геотехниката во високоградбата. Темата поврзана со тарифникот за урбанистичко планирање ја елаборарише архитект Михаел Димитровски во својство на Раководител на одделението на урбанисти и планери. Состојбата со динамиката на примената на Еврокодовите ја појасни проф. д-р Мери Цветковска, актуелен раководител на градежни инженери при Комората.Точката од дневниот ред „Предизвици во Професијата“ во вистинска смисла покажа дека организирањето на регионални средби се најдобриот начин да се слушне мислењето на членството на КОАИ. Приближувањето на активностите на Комората, нејзиното раководство и регионалните одделенски претставници до членството и реализирање на суштествени дебати, значи пред сѐ иницирање на активности кои директно ќе се однесуваат на заштитата на интересите на овластените архитекти и овластените инженери, подобрување на условите за работа во струката, со цел не само да се овозможи достојна валоризација на трудот на инженерот, туку да се намали одливот на наши кадри надвор во светот и да се минимизираат ефектите од трендот на преквалификација на инженерскиот кадар од сферата градежништво во ИТ секторот.

Особено радува што на Регионална средба на архитекти и инженери од источниот регион беа присутни и земаа учество голем број архитекти, планери и инженери и тоа истовремено од приватниот и јавниот сектор.

Во продолжение фото-галерија од настанот.

  • Click to enlarge image 001.jpg
  • Click to enlarge image 002.jpg
  • Click to enlarge image 003.jpg
  • Click to enlarge image 004.jpg
  • Click to enlarge image 005.jpg
  • Click to enlarge image 006.jpg
  • Click to enlarge image 007.JPG
  • Click to enlarge image 008.jpg
  • Click to enlarge image 009.jpg
  • Click to enlarge image DSC05775.jpg
  • Click to enlarge image DSC05864.jpg
  • Click to enlarge image DSC05870.jpg
  • Click to enlarge image DSC05885.jpg
  • Click to enlarge image dod_1_1.JPG
  • Click to enlarge image naslovna.png
  •  
001.jpg 002.jpg 003.jpg

004.jpg 005.jpg 006.jpg

007.JPG 008.jpg 009.jpg

DSC05775.jpg DSC05864.jpg DSC05870.jpg

DSC05885.jpg dod_1_1.JPG naslovna.png