Одржана презентација - „Геосинтетички зајакнувања на почви (армирана земја) во транспортната инфраструктура

Печати

01Во рамките на „Геотехнички денови на Комората“ во организација на Одделението за геотехника, на 12 октомври 2023 година од 12 до 16 часот, во салата на Комората, се одржa еднодневна обука/стручно предавање на тема "Геосинтетички зајакнувања на почви (армирана земја) во транспортната инфраструктура". На почетокот се обрати Претседателката на Комората М-р Кристинка Чулак која ги поздрави присутните и им посака успешна работа, по неа и проф. д-р Јосиф Јосифовски кој даде краток вовед за изборот на темата и значењетo на геосинтетиците во геотехничното инженерство, по што започна официјалниот дел на обуката. 

Прв предавач беше проф. д-р Бојан Жлендер од Факултет за градежништво, транспортно инженерство и архитектура од Марибор, Р.Словенија, кој во својата презентација се осврна на пресметка на конструкциите од армирана земја и тоа за примена во патната инфраструктура и потпорните конструкции односно насипи и нивна анализа во смисла на искористеност, време за изведба и чинење. По кратката пауза терминот беше резервиран за д-р Станислав Ленарт од Институт за градежништво на Словенија од Љубљана, Р.Словенија, кој во својата презентација се задржа на сопственото искуство поврзано со лабораториски и теренски испитувања на овој вид на конструкции, како и на неколку позитивни примери од нивната примена. На крај се обрати и нашиот колега Борис Богоевски, диплoмиран геотехнички инженер од Скопје кој во своето предавање направи пресек на зајакнувањата со геосинтетици во Македонија со осврт на видот на материјалите и техниките кои биле користени за изградба. Семинарот заврши во планираното време со пригоден коктел во друштво на сите 60-тина присутни инженери.

Во продолжение фотогалерија од настанот.

  • Click to enlarge image 01.png
  • Click to enlarge image DSC05977.JPG
  • Click to enlarge image DSC05979.JPG
  • Click to enlarge image DSC05980.JPG
  • Click to enlarge image DSC05982.JPG
  • Click to enlarge image DSC05984.JPG
  • Click to enlarge image DSC05985.JPG
  • Click to enlarge image DSC05986.JPG
  • Click to enlarge image DSC05988.JPG
  • Click to enlarge image DSC05989.JPG
  • Click to enlarge image DSC05995.JPG
  • Click to enlarge image DSC05996.JPG
  • Click to enlarge image DSC05998.JPG
  •  
01.png DSC05977.JPG DSC05979.JPG

DSC05980.JPG DSC05982.JPG DSC05984.JPG

DSC05985.JPG DSC05986.JPG DSC05988.JPG

DSC05989.JPG DSC05995.JPG DSC05996.JPG

DSC05998.JPG