Петти циклус ОБУКИ ЗА БИМ со попуст за активни членови на Комората

Печати

memoPromoSemos

По успешното завршување на четирите претходни циклуса кои се спроведоа во текот на 2022/2023 година и во кои беа опфатени повеќе од 80 членови и оваа година како Комора ја продолжуваме соработката со Семос Едукација во насока на подобрување на конкурентноста на пазарот на трудот за примена и имплементација на BIM технологија при изработка на секојдневните проектни решенија. Искрено се надеваме дека ова позитивно влијае на подобрување на капацитетите на нашите компании во насока за полесна и побрза имплементација на овие решенија.

Дигитализацијата на компаниите е реална потреба, а BIM технологијата со сигурност е најактуелната апликација во градежништвото и архитектурата. Во соседна Хрватска како членка на ЕУ веќе 70% од проектите ја имаат инкорпорирано оваа компонента. Навлезена е во националните регулативи на повеќе држави како мандаторен софтвер при изработка на проекти при јавни набавки.

До 2025 година поради имплементација на BIM технологијата, се очекува редукција на трошоците за изградба од 33%, намалување на времето потребно за изградба за 50%, намалена емисија на СО2 за 50%. Building Information Modeling (BIM) е интелигентен процес базиран на богати 3Д модели, кој на професионалците од АИГ (Архитектура, Инженерство, Градежништво) индустријата им дава увид и алатки за поефикасно да ги испланираат, дизајнираат, градат и управуваат зградите и инфраструктурата. Извештаите покажуваат заштеди до 50% во буџетот на проектот и времето за нивно завршување, додека во исто време се зголемува квалитетот на проектите. Компаниите, како и владите, ја имплементираат БИМ технологија за постигнување на поголема конкурентност и економски просперитет.

СЕМОС Едукација е најголемиот авторизиран центар во Македонија овластен за обуки на Microsoft, Cisco, Oracle, ЕC-Council, AWS, Adobe, Autodesk и е прв Microsoft Gold Partner for Learning Solutions и авторизиран Certiport тестинг центар. Со соработката која ја имаме, како членови на Комората може да добиете тренинг под исклучително поволни и повластени услови за една или повеќе различни обуки: Revit Architecture, Revit MEP, Revit Structure, Revit Landscape Design, Revit Advanced, AutoCAD, Inventor, Fusion360, 3DS Max & V-Ray. Освен тоа членовите на Комората добиваат ваучер за полагање на испит од 50€ и бесплатен час за менторство во висина од 20€ за било која од обуките.

Како директни придобивки имаме:

  • Зголемена продуктивност во компанијата во просек за 5 часа на месечно ниво по вработен;
  • Зголемен поврат на инвестицијата со порастот на успехот на компанијата;
  • Зголемена конкурентност на пазарот;
  • Зголемена лојалноста на вработените кон своите компании.

Редовната цена за обуките за Revit Architecture, Revit MEP, Revit Structure, Revit Landscape Design, Revit Advanced, AutoCAD, Inventor, Fusion360, 3DS Max & V-Ray, по слушател по обука изнесува 16.500 мкд. За активни членови на комората со вклучени попусти цената за овие обуки е 13.500 мкд.

Секоја од обуките се состои од 40 наставни часа. Минимален број на учесници е 8, а максимален во една работна група е 12. До колку нема соодветен број на учесници по група, истите се вклучуваат во редовните групи на Семос Едукација.

Плаќањето може да биде организирано на 2 рати.

Прелиминарни термини за пооделните обуки се:

AutoCAD 3D

19 Март 2024

вто-чет

17:00-19:30

Revit Structure

19 март 2024

вто-чет

17:00-19:30

Revit Architecture Advanced

20 март 2024

пон-сре

17:00-19:30

AutoCAD 2D

28 март 2024

вто-чет

17:00-19:30

3D Max

04 Април 2024

пон-сре

19:30-22:00

Revit Architecture

04 април 2024

вто-чет

17:00-19:30

Revit Mep

15 мај 2024

пон-сре

17:00-19:30

Предавачите се официјални инструктори од Autodesk и ги поседуваат следниве сертфикати: Autodesk Certified Instructor, Autodesk Certified Professional.

Динамиката на настава може да биде два или три пати неделно по 3 часа дневно (редовна група). Попладневен термини: од 17:00 - 19:30 часот или од 19:30 - 22:00 часот. Доколку се организира група само од членовите на комората, термините може да се договорат еден месец пред започнувањето на обуката. За секој слушател ќе биде обезбедена официјална литература на англиски јазик од Autodesk.

Наставата се организира оn-line на платформата MS Teams.

За секој слушател кој успешно ќе го заврши курсот и положи испитот, следат два официјално и светски признаени сертификати од Autodesk (Autodesk Certified User - ACU), којги доделува Семос Едукација како Авторизиран Tренинг Центар и Академски партнер на Autodesk.

Сите заинтересирани можат да се пријават за едена или повеќе различни обуки на следниот ЛИНК (https://forms.gle/PSny7DgiicA4KvTL8).