Учество во дебата на BIG SEE 2024

Печати

BIG SEE 2024На 15ти и 16ти мај, во Љубљана се оддржа овогодинешниот BIG SEE настан, во чија програма беа повеќе изложби, дебати, презентации и конференции.

Една од нив беше и дебатата под наслов „Архитектонски конкурси: Игра на границите на возможното“, на која учествуваше и претседателката на Комората на овластени архитекти и инженери, М-р Кристинка Чулак.

Во контекст на темата, присутнитните имаа можност да се запознаат со условите на домашната сцена, недостатокот на конкурси чиј краен резултат е реализирање на победничкиот проект, како и за одредените раздвижувања изминатите години. Низ паралелата на последните поголеми конкурси „Треска“ и „Расадник“ се прикажаа двата примери, еден со неуспешен крај и покрај притисокот на јавноста и другиот кој сеуште поседува потенцијал за соодветна реализација.

Во кратки црти беа спомнати и сите позначајни домашни вреднувања и награди на архитектонскиот труд, вклучувајќи ги оние на Асоцијацијата на архитекти на Македонија и Комората на овластени архитекти и инеженери.

  • Click to enlarge image 441308274_948366516938125_5659069033105004686_n.jpg
  • Click to enlarge image 441877917_867896051758048_917132396114490608_n.jpg
  • Click to enlarge image 441900977_386679161022332_6864711440897459141_n.jpg
  • Click to enlarge image 442004258_1524091928204027_2947848782023627287_n.jpg
  • Click to enlarge image 442007364_750226717303343_4970000541850634149_n.jpg
  • Click to enlarge image 442417195_446208648104736_259217458666107737_n.jpg
  •  
441308274_948366516938125_5659069033105004686_n.jpg 441877917_867896051758048_917132396114490608_n.jpg 441900977_386679161022332_6864711440897459141_n.jpg

442004258_1524091928204027_2947848782023627287_n.jpg 442007364_750226717303343_4970000541850634149_n.jpg 442417195_446208648104736_259217458666107737_n.jpg