Во рамките на годишните активности т.н. „Геотехнички деноови во КОИА" на 24 Јуни 2024 година во просториите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери се одржа стручно предавање во организација на одделението за геотехника и Друштвото за геотехника на Македонија со наслов „Одржливи земјени работи и стабилизација на почвата со иновативна геосинтетика и геосистеми" од страна на претставници од фирмата Taylor Engineering од В. Британија.
Настанот го отвори раководителот на одделението за геотехника Проф. д-р Јосиф Јосифовски кој даде краток вовед за изборот на темата и значењето на геосинтетиците како решение во голем број на геотехнички и градежни задачи, по него и претседателот на Друштвото за геотехника проефесорот Игор Пешевски кој ги поздрави присутните и им посака успешна работа и по што започна официјалниот дел на обуката.
Прв предавач беше Nico Brusa сопственик на компанијата Taylor Engineering која во својата презентација се осврна на практичните аспекти и на иновативните геосинтетички решенија кои ги примениле на голем број проекти ширим светот. Тој изнесе и голем број на примери со детални технички податоци од завршени успешни проекти со примена на различни видови на почвени стабилизации со геомрежи, георешетки и тридимензионални елементи како системи за стабилизација. По кратката пауза се обрати Paul Keegan претставни на компанијата за В.Британија со повеќегодишно интернационално искуство одговорен за поддршка во компанијата, кој во својата презентација се аспектите на поврзано со проектирањето на конструкциите со геотехнички зајакнувања и примена на анкерните конструкции. После секоја презентација следеше интересна дискусија со размена на искуства и информации помеѓу предавачите и присутните инжинери.
Семинарот заврши во планираното време со пригоден коктел во друштво на сите присутни кои броеја околу 40-тина градежни и геотехнички инженери.
Во продолжение фотогалерија од настанот: