Комората на овластени архитекти и овластени инженери Ве информира дека на 15 мај 2025 година, со почеток во 9.00 часот, во Луксембург ќе се одржи заедничка конференција: „Архитекти + Инженери: Партнерство за отпорен дизајн“ во организација на ACE, ECEC, EFCA и OAI, посветена на меѓусекторската соработка за изградба на поотпорна, одржлива и инклузивна иднина.
Клучни теми:
- Зелената трансформација на урбаните и инфраструктурните системи
- Отпорен дизајн и климатски предизвици
- Улогата на инженерите и архитектите во општествено одговорен развој
- Европски и национални политики за одржливост и иновации
Конференцијата ќе биде пренесувана во живо преку ACE YouTube каналот.