Со особено задоволство ја објавуваме достапноста на првиот модул од серијата практични прирачници за проектирање на конструкции според Еврокодовите – „Проектирање конструкција за станбен објект – Модул #1: Дејства“, сега и на македонски јазик, со целосна адаптација според националните параметри (NDP) и дополнително поглавје за сеизмички дејства, ексклузивно вклучено во ова издание.
🏗️ Што содржи овој прирачник?
- Детална пресметка на сите дејства според Еврокодовите
- Практични примери за пресметка на постојани и корисни дејства
- Анализа на дејства од снег, ветер и земјотрес
- Земјен притисок на подрумски ѕидови
- Ефекти од несовршености
- Комбинации на оптоварувања за ГСН (ULS) и ГСУ (SLS)
🔍 Што го прави овој прирачник посебен?
Македонската верзија е целосно прилагодена со националните параметри (NDP) од Еврокод стандардите и содржи дополнително поглавје за сеизмички дејства, што не е присутно во оригиналната англиска верзија.
👨🏫 За авторите:
- Лаурин Ернст - Градежен конструктор и основач на Structural Basics, со богато искуство во проектирање на различни видови конструкции
- Проф. д-р Сергеј Чурилов - Редовен професор на Градежниот факултет во Скопје, со над 20 години искуство во проектирање, ревизија и анализа на градежни конструкции
💡 Идеален за:
- Студенти по градежништво
- Инженери кои работат со Еврокодови или сакаат да ги освежат и прошират своите знаења
🔗 Набавете го вашиот примерок во електронска форма:
Стандардна цена за македонското издание: https://pages.structuralbasics.com/products/mk/loads-on-residential-buildings
Цена за студенти (со попуст): https://pages.structuralbasics.com/products/mk/loads-on-residential-buildings?promo=19GCIH6827
Овој прирачник е резултат на соработката на Градежниот Факултет - Скопје, УКИМ со Laurin Ernst од Structural Basics, кој несебично го сподели своето знаење и искуство. Благодарност до него за оригиналната верзија и можноста да ја адаптираме за македонскиот пазар!