Одржана конференција „Архитекти + Инженери: Партнерство за отпорен дизајн“ во Луксембург

Печати

35 ans OAI 20250515 e OAI Melt Studio 129 На 15 мај 2025 година во Луксембург се одржа заедничка конференција на тема „Архитекти + Инженери: Партнерство за отпорен дизајн“ со поднаслов „Репери за критериуми за квалитет во животната средина преку новиот европски Баухаус“.


За прв пат, Редот на архитекти и инженери консултанти во Луксембург (ОАИ), паневропската
организација коja ја претставува архитектонската професија (ACE), компаниите за консултантски инженеринг (EFCA) и Европскиот совет на инженерски Комори (ECEC) во заедничка организација одржаа конференција која имаше за цел:
- да покаже како архитектонските и инженерските професии создаваат отпорен дизајн, во согласност со Новиот европски Баухаус;
- да се истражуваат предизвици и иновативни алатки кои можат да ја поддржат нивната соработка;
- да се истакнат специфичностите на набавката на проектантски услуги и да се дадат конкретни препораки на Директивата на ЕУ за јавни набавки, за да може најдобро да се поддржи висококвалитетниот дизајн во Европа.

На конференцијата присуствува околу 300 професионалци од цела Европа, високи
претставници од OAI, ACE, EFCA и ECEC, Европската комисија и владата во Луксембург. и Комората на овластени архитекти и овластени инженери присуствуваше на овој престижен настан како активна земја членка на АСЕ и ЕСЕС.
Конференцијата заврши со потпишување на Луксембуршката декларација за јавни набавки - која претставува заедничка заложба за подобрување на практиките за набавки низ Европа за поддршка на квалитетот на дизајнот, одржливоста и долгорочната вредност.
Декларацијата можете да ја преземете од следниот линк.