Известување за продолжување на изборниот процес

Печати

Почитувани членови на КОАИ,

Согласно Одлуката за распишување на избори во Комората за мандатен период 2025-2029, донесена од страна на Собранието на Комората, на 22.02.2025 година (преземи), како и Одлуката донесена од Собранието на КОАИ на 30.04.2025 година за продолжување на изборниот процес (преземи) ве известуваме за начинот на продолжување на изборниот процес во КОАИ за мандатниот период 2025-2029 година.

Во прилог на оваа известување ви го доставуваме предложениот термин план од страна на ЦИК, усвоен од УО на КОАИ на 27.05.2025 година.

ТЕРМИН ПЛАН ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ИЗБОРЕН ПРОЦЕС
ЗА МАНДАТЕН ПЕРИОД 2025-2029г

Р.бр.

датум

активност

одговорен

1.

30.04.2025

Одлука донесена од Собранието на КОАИ на 30.04.2025г

Собрание

2.

5.05-21.05.2025

Разгледување на материјали за продолжување на изборниот процес и

предлог одлука за начинот на продолжување на изборниот процес и корегиран термин план

ЦИК

3.

26.05.2025

Потврдување на одлуката за начинот на продолжување на изборниот процес и корегиран термин план

УО-КОАИ

4.

27.05.2025

Известување до членството за продолжување на изборниот процес

ЦИК

служби на КОАИ

5.

28.05-03.06.2025

Повик за доставување на корегирани и дополнителни кандидатури

(доставени по меил на сите номинирани кандидати и членови со можност за тоа)

ЦИК

6.

05.06.2025

Објавување на целосна листа од прифатени номинации за кандидатури за членови во Собрание

(на веб страна на КОАИ)

ЦИК

7.

11.06.2025

Избор на делегати за Собрание и објавување на резултати на веб страна на КОАИ

ЦИК

служби на КОАИ

8.

16.06- 23.06.2025

Повик за одделенски кандидатури, односно одделенски предлози за Претседавач и Заменик Претседавач на Собрание на КОАИ (од листата на избрани делегати)

-          согласно член 108, став 3 од Законот за градење и член 10 од Статутот на КОАИ

ЦИК

Одделенија на КОАИ

9.

најдоцна до

23.06.2025

Доставување на одделенските предлози за Претседавач и Заменик Претседавач на Собрание на КОАИ до ЦИК

Одделенија на КОАИ

10.

24.06.2025

Разгледување на одделенските кандидатури, односно предлози за Претседавач и Заменик Претседавач на Собрание на КОАИ (од листата на избрани делегати) и објавување на листата на прифатени одделенски кандидатури, односно предлози за Претседавач и Заменик Претседавач на Собрание на КОАИ

ЦИК

11.

25.06.2025

Закажување на собраниска седница и праќање на материјали за седница на Собрание на 05.07.2025г.,

КОАИ/

ЦИК

12.

05.07.2025

Конститутивна седница,

верификација на мандати на делегати,

избор на Претседавач и Заменик Претседавач на Собрание на КОАИ

Собрание/

ЦИК

13.

07.07.

01.09.2025

Повик за кандидатури за Раководители на професионални одделенија

ЦИК

14.

07.07.

01.09.2025

Повик за кандидатури за Претседател и Заменик Претседател на КОАИ

ЦИК

15.

01.09-03.09.2025

Разгледување на добиените кандидатури и нивно проследување до одделенијата на комората

ЦИК

16.

03.09-

15.09.2025

Одделенски избор на Раководител и Заменик раководител, (мандатот на одбраните кандидати се верифицира на собраниска седница предвидена за 04.10.2025)

Предлог за Председател и Заменик председател на КОАИ и номинација на членови за НО

(Изборот од предложените кандидати за Претседател и Заменик претседател се врши на собраниска седница предвидена за 04.10.2025)

одделенија

17.

До

19.09.2025

Проследување на листата на номинирани кандидати до ЦИК, од страна на одделенијата

одделенија

18.

23.09.2025

Финална листа на кандидатури за извршни функции во КОАИ:

-          раководители на одделенија:

-          Претседател и Заменик Претседател на КОАИ

-          Членови на НО

ЦИК

19.

24.09.2025

Закажување на собраниска седница и праќање на материјали за седница на Собрание на 04.10.2025г.

КОАИ/

ЦИК

20.

04.10.2025

-          Избор на Претседател и Заменик Претседател на КОАИ

-          Верификација на мандатите на Раководители на професионални одделенија;

-          Избор на членови на НО

Собрание/

ЦИК

Согласно ажурираниот пресек на членство од 06.03.2025 година, активно членство до 21.03.2025 година и ажурираните податоци по поднесените барања до службите на комората до 04.04.2025 година по однос на матичност и регионална припадност согласно лична карта, номинираните кандидати кои имаат можност за корекција на своите номинации, како и членовите кои имаат можност да достават номинација согласно ревидираните податоци, ќе бидат известени од страна на службите на КОАИ, односно ЦИК преку електронска пошта на 28.05.2025 година.

Со почит,

Централна изборна комисија
Председател,
Д-р Анастасија Трајковска