Почитувани членови на Комората,
Комората на овластени архитекти и овластени инженери, во име на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), Ви ја проследува поканата за учество на XXII Биенале на македонската современа архитектура – БИМАС 2025, кое традиционално претставува најзначајна и највлијателна манифестација во областа на архитектурата во нашата земја.
Подолу во оваа покана Ви го доставуваме пријавниот лист со сите потребни информации за начинот и условите за пријавување и учество.
БИМАС 2025, покрај едукативниот карактер, има и натпреварувачки аспект, нудејќи можност за професионално афирмирање и препознавање на исклучителни архитектонски остварувања.
Ве охрабруваме да учествувате – да го споделите Вашето најдобро дело, да го покажете својот пристап, и да придонесете во креирањето на сликата за современата македонска архитектура.
Нека ова биде Вашата можност да блеснете, да се натпреварувате со себе и со колегите, и да оставите белег. Стручна жири комисија составена од еминентни архитекти ќе ги разгледа пријавените трудови и ќе одлучи за наградите.