Конкурс за регионалната награда „Миленија и Дарко Марушиќ“

Печати

Конкурс за регионалната награда „Миленија и Дарко Марушиќ“ (MDM)

Фондацијата „Миленија и Дарко Марушиќ“ објавува конкурс за регионалната награда за архитектура на домувањето, која се доделува за најуспешно реализирано архитектонско дело во претходната или тековната година. Наградата е наменета за архитекти – поединци или тимови од просторот на поранешна Југославија: Србија, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Конкурсните трудови се предаваат од 01.09. до 15.10.2025 на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. преку WeTransfer или слични сервиси.

Наградата вклучува признание и паричен износ, а доделувањето ќе се одржи на 27 ноември 2025 во 18:00 часот, со дигитална изложба на сите пристигнати трудови.

Детали за правилата и процесот на оценување се достапни во Правилникот на Фондацијата.