Комора ОАИ и Комората на вештаци потпишаа Меморандум за соработка

Печати

Комора ОАИ и Комората на вештаци потпишаа Меморандум за соработкаНа 25 септември 2025 година, Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Северна Македонија (Комора ОАИ) и Комората на вештаци на Република Северна Македонија потпишаа Меморандум за меѓусебна соработка. Документот беше потпишан од претседателите м-р Кристинка Чулак (Комора ОАИ) и проф. др. Виктор Камнар (Комора на вештаци). Целта е унапредување на коморското работење преку координација, размена на знаења и заеднички активности од заеднички интерес.

Клучните точки на соработката вклучуваат:

  • континуирана координација меѓу стручните тимови при изготвување предлог-документи и мерки;
  • организација на апликативни проекти и размена на информации и најдобри практики;
  • едукативни активности и курсеви за членовите на двете комори;
  • формирање експертски тимови за предлози на законски и подзаконски решенија;
  • учество и организација на научни и професионални настани;
  • можност за меѓусебно користење просторни капацитети во ограничен обем.

Овој меморандум ја поставува рамката за долгорочна и продуктивна соработка, насочена кон професионален развој и повисоки стандарди во јавен интерес.

Фотогалерија:

  • Click to enlarge image 01.jpg
  • Click to enlarge image 02.jpg
  • Click to enlarge image 03.jpg
  • Click to enlarge image 04.jpg
  • Click to enlarge image 05.jpg
  •  
01.jpg 02.jpg 03.jpg

04.jpg 05.jpg