Стручни предавања - Од научни податоци до практични одлуки: Поглед за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје

Печати

DSC 1004Во Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ) успешно се реализираше настанот на тема „Од научни податоци до практични одлуки: Поглед за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје“.

Настанот беше организиран во рамките на проектот „Применето моделирање на квалитетот на воздухот и валидација на мерките за негово подобрување во Град Скопје“, со цел да се понудат конкретни и одржливи решенија базирани на научни податоци за еден од најзначајните предизвици со кои се соочува главниот град.

 Присутните имаа можност да проследат продуктивна програма, која овозможи отворен дијалог помеѓу претставници на локалната самоуправа, академската заедница, стручната јавност и релевантните институции. Во фокусот беше потребата од усогласување на научните сознанија со процесите на стратешко планирање и носење одлуки.

Во првиот дел од настанот беа презентирани клучните резултати и достигнувања од проектот, со посебен осврт на нивната практична примена во креирањето на локални и национални политики за подобрување на квалитетот на воздухот. Се потенцираше важноста од користење на валидирани податоци како основа за ефективни мерки и долгорочни стратегии.

Двете значајни предавања беа одржани од Проф. д-р Артур Бартосик од Технолошкиот универзитет во Киелце, Полска, кој говореше на тема „Производство и потрошувачка на енергија: Парадокси во животот и инженерството“, при што ги истакна современите предизвици во енергетиката и нивната поврзаност со животната средина и проф. д-р Ристо Филкоски од Машинскиот факултет – Скопје кој го одржа предавањето за „Загадување на воздухот од термални процеси и влијание во урбаните средини“, нудејќи детална анализа за изворите на загадување и нивното влијание врз урбаните екосистеми. 

Настанот заврши со панел дискусија на тема „Загадување на воздухот – универзален проблем – специфични акции“, во која учествуваа експерти, инженери и млади истражувачи. Дискусијата отвори значајни прашања поврзани со практичната имплементација на мерките, предизвиците во институционалната координација, како и потребата од подобра достапност и интеграција на податоците во постоечките регулаторни рамки.

  • Click to enlarge image DSC_0979.jpg
  • Click to enlarge image DSC_0982.jpg
  • Click to enlarge image DSC_0987.jpg
  • Click to enlarge image DSC_0990.jpg
  • Click to enlarge image DSC_0994.jpg
  • Click to enlarge image DSC_0998.jpg
  • Click to enlarge image DSC_1000.jpg
  • Click to enlarge image DSC_1004.jpg
  • Click to enlarge image DSC_1005.jpg
  •  
DSC_0979.jpg DSC_0982.jpg DSC_0987.jpg

DSC_0990.jpg DSC_0994.jpg DSC_0998.jpg

DSC_1000.jpg DSC_1004.jpg DSC_1005.jpg