Вебинар 2: BIM Реализација - концепти и практики на BIM - ориентирана средина

Едукација
Датум: 03 Дек 2020 18:00

Локација: Microsoft Teams

Kако една од најперспективните методологии кои се појавуваат во градежната индустрија, BIM (Building Information Modeling) го претставува следниот еволутивен чекор во компјутерски помогнатото проектирање.
Kористeјќи ги потенцијалите на дигитализацијата, BIM е основан врз колаборативни, синхронизирани и јасно-дефинирани методологии со кои се стреми да одговори на главните предизвици присутни во градежништвото: време, средства, организација.

Во овој дводелен вебинар, ја разгледуваме имплементацијата и реализацијата на BIM-ориентираната средина преку веќе усвоени практики во градежната индустрија.

Второто предавање насловено „BIM Реализација - концепти и практики на BIM - ориентирана средина" водено од Марио Николовски, ќе ја разгледуваме практичната примена на овој систем во рамките на една симулирана средина овозможена преку ARCHICAD 24.
Марио Николовски е магистер инженер архитект и дел од hiCAD мрежата како инструктор и техничка поддршка за BIM имплементација во Archicad.
 
Вториот вебинар ќе се одржи на:
03.12.2020 год. (четврток) во 18:00 часот, „BIM Реализација - концепти и практики на BIM - ориентирана средина" , линк до вебинарот

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Smart Solutions - Skopje, Macedonia
tel./ fax: + 389 2 277-7383, 277-7244

 

Телефон
071 204-349
E-пошта
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.